Женската медиумска мрежа ЕДНАКВА и ССНМ со поддршка за новинарката Вренцовска

Датум

„Палењето автомобил нема да нѐ заплаши“ - порачуваат од ЕДНАКВА. Засега непознат сторител синоќа на 5 јануари го запалил возилото на дописничката на САКАМДАКАЖАМ.МК, Сузана Вренцовска во гаражата на нејзината семејна куќа.

Женската медиумска мрежа „Еднаква“ при ССНМ најостро го осудува палењето на возилото на дописничката на САКАМДАКАЖАМ.МК, Сузана Вренцовска од Охрид и ги повикува надлежните институции да ги откријат мотивите за инцидентот и дали опожарувањето е поврзано со некој текст на Вренцоска објавен на медиумот за кој таа е професионално ангажирана.

Засега непознат сторител синоќа на 5 јануари го запалил возилото на Вренцовска во гаражата на нејзината семејна куќа. Ги повикуваме надлежните институции најбрзо што може да го пронајдат сторителот и истиот соодветно да биде санкциониран бидејќи тоа е клучно за слободата на изразување во медиумите и безбедноста на новинарките. Секој обид за заплашување на новинарките да ја не вршат својата работа е притисок врз работата на сите медиуми во државата.

Во изминатиот период еснафските здруженија бележат зголемен број на закани, заплашувања, дискриминација по различни основи насочени кон новинарки. Токму ваквата тенденција ги поткрепува нашите барања и очекувања од институциите да ги процесираат ваквите случаи, а на новинарите/ки ги охрабруваме да ги пријавуваат случаите. Само здружени сме посилни, а искоренувањето на праксата да се замолчат и заплашат медиумските професионалци е директно подривање на слободата на изразување, појава за која нема место во нашето општество.

Останати
објави

Сподели на...