ПОВЕЛБА ЗА ПРАВАТА НА ХОНОРАРЦИТЕ

Датум

Преамбула

Хонорарците се најранлива група работници во медиумскиот сектор. Оваа Повелба е витална алатка во кампањата на Еопската федерација на новинари за подобра правна заштита на новинарите-хонорарци (фриленсери)

1.Секој хонорарец има право да се организира во синдикат и преку колективна работа да работи на подобрување на положбата на хонорарците и другите новинари.

Хонорарците и нивните синдикати треба да имаат право да нудат услуги кои поттикнуваат солидарност меѓу нив и меѓу нив и другите вработени, како што се препораки за хонорари и колективно преговарање.

2.Секој хонорарец треба да ги ужива сите професионални права како вработен, вклучувајќи го и правото да бара информации, да штити извори, да се придржува до етичките стандарди.

3.Секој хонорарец има право на писмен договор.

Секој хонорарец има право да биде третиран како еднаков парнер во преговори.

4.Секој хонорарец има право на авторски права.

Секој хонорарец мора да има неприкосновни морални права.

Хонорарците мора да имаат право на колективно преговарање за нивните авторски права.

5.Секој хонорарец има право да ја избере за него/неа најповолната форма на хонорарно работење. Лажен или присилен хонорарец кој е економски зависен треба да се смета за вработен и да ги ужива сите законски права и придобивки.

6.Секој хонорарец треба да има право на подеднаква заштита од институциите за социјална заштита под исти услови како и вработените, што подразбира:

а) боледување;
б) пензија;
в) надомест за невработеност;
г) надомест за мајчинско/татковско отсуство еднаков на споредлив вработен.

7.Секој хонорарец има право на еднаков третман и пристоен надомест како не би ја поткопал положбата на вработените преку обезбедување евтина работа. Тоа го вклучува правото – при испраќање на опасни задачи – на истиот систем на обука, осигурувања и безбедност како и секој вработен во иста ситуација.

Останати
објави

Сподели на...