За време на здравствената криза, новинарите имаат клучна улога. Кога на повеќето од нас им се препорачува да седат дома, тие се нашите очи и уши на терен, носејќи ни проверени и точни информации. Сепак, во некои европски земји новинарите се уште не се сметаат за неопходни работници што ја отежнува нивната работа. Европската федерација на новинари (ЕФН), во…
Вести
Психолошката поддршка на новинарите не смее да биде табу тема
Со порака дека новинарите, снимателите, фоторепортерите треба отворено да говорат, но и да побараат помош за психолошките последици што ги трпат од доживеани стресни, кризни и трауматски искуства при нивното работење, се одржа дводневната онлајн работилница „Психолошка поддршка на новинарите во кризни ситуации”, организирана од Македонскиот институт за медуми (МИМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).
Новинарите и медиумските работници со плата далеку под просечната
КЛУЧНИ ПОДАТОЦИ: – 35% од медиумските работници имаат од 15 до 20 илјади денари плата, што е далеку под просечната – 67% не се задоволни од платата или хонорарот – 63% одговориле дека никогаш не користеле боледување – 23% не се здравствено и социјално осигурани – 62% одговориле дека постои социјален јаз во редакцијата – 19% одговориле дека менаџментот…
Што е за вас новинарството?
Со години забележуваме примери на непринципиелен однос на политичарите кон медиумите и новинарите, што нè исправило пред дилемата: дали најголем дел од политичарите знаат каква е улогата на новинарите и медиумските работници и кое е нивното значење за демократијата? Затоа, во пресрет на изборната кампања, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ)…
Првомајски проглас 2020
Кризата предизвикана од прогласената пандемија на Ковид-19, ја затекна нашата држава во услови на распуштено Собрание и Техничко-партиска Влада која се одлучи да оди со навидум силни заштитни економски мерки. За жал, најголемиот товар од кризата сепак падна на работниците и работничките, кои добиваат пониска плата, кои го губат работното место и постојано се под социјален и економски притисок.
Одложен конкурсот за „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“
Конкурсот за „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ се одложува за подоцна оваа година. Поради новонастанатата ситуација со пандемијата и мерките кои се преземаат во нашата земја, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги известува сите новинари дека конкурсот се одложува на неодредено, односно до завршување на пандемијата и прекин на рестриктивните мерки со цел нејзино сузбивање.
Совети за коронавирусот од МФН за медиумските професионалци
Среде светскаta криза поврзана со пандемијата на коронавирусот (КОВИД-19) новинарите и медиумските работници низ целиот свет речиси сигурно ќе имаат проблеми на своите работни места, нивните патувања и задачи за известување. Нивното здравје и здравјето на луѓето со кои стапуваат во контакт постојано треба да бидат врвен приоритет. Синдикатите работат заедно со работодавците и владите за да ги адресираат…
Thirrje e Hapur për Çmimin e BE-së për Gazetari Investigative
Hapen aplikimet për dorëzimin e artikujve investigativë nga Ballkani Perëndimor dhe Turqia për Çmimin vjetor të Bashkimit Europian për Gazetari Investigative. Për këtë aplikim duhet të propozohen artikuj investigativë të publikuar nga 1 janari deri më 31 dhjetor 2019, dhe të lidhura me lirinë e shprehjes, sundimin e ligjit, transparencën, abuzimin me pushtetin dhe të drejtat themelore, korrupsionin dhe…
Потпишан првиот колективен договор во медиумите помеѓу ССНМ и МИА
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Медиумската информативна агенција (МИА) денеска (04.02.2019) потпишаа колективен договор со кој покрај повеќето придобивки вработените добиваат работна седмица од 36 часа, платен дополнителен ангажман, заштита од арбитрарно отпуштање, загарантирана слобода на информирање и други клаузили кои обезбедуваат подобри услови за работа. Колективниот договор беше финализирани минатата недела, по речиси две…
Промовирани Повелбата за условите за работа на новинарите и нацрт фер-договори за вработување
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска ја промовираше Повелбата за услови за работа за новинарите, како и нацрт фер-договори за вработување во дигиталните медиуми. Повелбата, како и изјава за поддршка на нацрт-фер договорите за вработување беа потпишани од Здружението на новинари на Македонија, Советот за етика во медиумите во Македонија, Онлимит медиа и…