Азербејџан: Новинарката Хадија Исмаилова ослободена на условно

Меѓународната и Европската федерација на новинари ја поздравија денешната одлука на Врховниот суд на Азербејџан за ослободување на истражувачката новинарка Хадија Исмаилова која отслужуваше затворска казна поради измислено обвинение од декември 2014 година. Судот ја преиначи затворската казна на Исмаилова во условна казна во времетраење од 3 три и пол години.

Хадија Исмаилова веќе одлежа 1.5 години во затвор. Нејзиното апсење беше политички мотивирано поради нејзината работа на откривање и обелоденување корупција. Сега таа е казнета со три и пол години условна казна и двегодишна забрана за работа.

Во септември 2015 година, Судот за тешки кривични дела на Баку ја осуди Исмаилова на седум и пол години затвор поради затајување данок и проневера.

ИФЈ и ЕФЈ ги повикуваат азербејџанските власти во целост да ѝ ги вратат правата на Хадија Исмаилова, вклучувајќи ја и можноста за работа, и да ги ослободат тројцата други новинари во затвор во Азербејџан:

– Нијат Алијев, уапсен на 20 мај, 2012;

– Араз Гулијев, уапсен на 8 септември, 2012;

– Сејмур Хази, уапсен на 29 август, 2014.

Апсењето на Исмаилова беше осудено и од Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ, Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Ен Брасер, Стејт департментот на САД, Амнести интернешнал, Хјуман рајтс воч, Фридом Хаус, Репотери без граници, ИФЈ, ЕФЈ, Индекс на цензурата, Комитетот за заштита на новинари и многу други. За повеќето од овие организации, апсењето на Исмаилова е ништо повеќе од заплашување, дел од актуелната кампања насочена кон замолчување на слободните и критичките гласови на Азербејџан.

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn