Меѓународната и Европската федерација на новинари (ИФЈ) и (ЕФЈ) се приклучија на нивната британска подружница, Националниот синдикат на новинари (НУЈ) во силната осуда на Предлог-законот за истражни овластувања кој претставува закана по правото на приватност, слободата на изразување и истражувачкото новинарство, давајќи ѝ на владата широки овластувања за шпионирање.
Новиот предлог-закон и дава на државата едно од најекстремните овластувања на шпионирање во развиениот свет чие влијание ќе се почувствува во целиот свет.
Предлог-законот не дава право на избор и податоци ќе се собираат за секој, без оглед на невиноста, вината или согласноста, со дополнителен ризик од кражба или истекување на податоци.
Под изговорт на „национална безбедност“, предлог-законот, кој беше изгласан од Домот на лордови на 16 ноември, ќе ги принудува интернет и телефонските компании да ги складираат податоците за пребарување на корисниците во период од една година и да ги даваат на владата, со што ќе им даваат на властите целосен пристап до телефонските броеви на граѓаните, како и нивните е-мејл адреси, документи, дневници, контакт листи, фотографии, пораки и записи на GPS локација, вклучувајќи и податоци за најавување и лозинки.
Предлог-законот не дава право на избор и податоци ќе се собираат за секој, без оглед на невиноста, вината или согласноста, со дополнителен ризик од кражба или истекување на податоци.
ИФЈ и ЕФЈ го поддржаа НУЈ и неговата кампања против оваа „неоправдана и драконска“ легислатива. „Предлог-законот е напад врз демократијата и правото на јавноста да знае, и овозможува неоправдано, тајно, државно мешање во новинарството“, се вели во изјавата на НУЈ. „Владата тврди дека законот е во корист на националната безбедност и спречување на тежок криминал, но тие всушност го користат тероризмот како изговор за да си дадат нови овластувања за да шпионираат новинари“.
Според синдикатот, предлог-законот не обезбедува доволна заштита на извори и информатори и претставува напад без преседан врз цврсто воспоставените и правно издржаните заложби за виталната потреба од нивна заштита. Покрај тоа, отсуството на заштита на изворите има влијание врз новинарите кои работат во воени зони или оние кои истражуваат организиран криминал или државни малверзации. Отсуството на заштита во законот ги прави новинарите помалку безбедни – ако на новинарот се гледа како на информатор, или како на иден сведок на суд, тогаш тој ќе стане мета. „Доколку овој предлог закон се усвои, ќе очекуваме и ќе поддржиме негово правно оспорување“ додаде НУЈ.
„Им се приклучуваме на нашите колеги во Обединетото кралство во осудата на овој предлог-закон кој овозможува неоправдано мешање од страна на државата во новинарството и истражувачкото известување и кој ги разоткрива новинарските извори и информатори“, рече претседателот на ИФЈ, Филип Лерут. „Според овој предлог-закон, државата нема да има обврска да контактира новинар или медиумска организација кога ќе пристапи до складирани информации, спречувајќи ги нашите колеги да го почитуваат етичкиот кодекс на однесување кој го втемелува начелото на заштита на изворите“.
Претседателот на ЕФЈ, Могенс Блишер Бјерегард додаде: „Обединетото Кралство се преправа дека ги штити граѓаните со наметнувањето на ова масовно надгледување, кое всушност ќе ја поткопа нивната приватност и нивното право на информации бидејќи тоа и несомнено ќе нанесе штета на начинот на кој новинарите работат. Националната безбедност не треба да се меша во новинарските извори.“
Според овој предлог-закон, државата нема да има обврска да контактира новинар или медиумска организација кога ќе пристапи до складирани информации, спречувајќи ги нашите колеги да го почитуваат етичкиот кодекс на однесување кој го втемелува начелото на заштита на изворите
Претставниот на ОБСЕ за Слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, исто така го осуди предлог-законот: „Оваа мерка им дозволува на агенциите за спроведување на законот да ја надгледуваат ИТ и комуникациската опрема на новинарите по даденото одобрување од Министерот за внатрешни работи и без судски надзор.
ИФЈ и ЕФЈ го поднесоа случајот до платформата на Советот на Европа за промовирање заштита на новинарството и безбедноста на новинарите, како што сторија со слична легислатива во Германија.