„Моментално во светот се заробени 348 новинари, вклучувајќи слободни новинари и блогери, што претставува зголемување за 6 проценти во однос на 2015 година. Бројот на професионални новинари кои се наоѓаат во затворите во Трција се зголеми за дури 22 проценти и за четири пари по обидот за пуч во јули“, се дознава од годишниот извештај на Репортери без граници.
Бројот на затворени новинарки оваа година се зголеми за повеќе од четири пати и порасна од 5 новинарки во 2015 година на 21, што „сведочи не само за феминизацијата на професијата, туку и за катастрофата која се одвива во Турција каде една третина од заробените новинари се жени.
„На вратата на Европа, еден вистински лов на вештерки фрли во затвори десетици новинари и од Турција направи најголем затвор за новинарската професија. Во една година, режимот на Ердоган го уништи медиумскиот плурализам, на што Европската Унија одговори со молчење“, стои во соопштението на Кристорф Делиреа, главен секретар на Репортери без граници.
Покрај Турција, Кина, Иран и Египет се земјите во кои се наоѓаат две третини од сите затворени новинари.
Бројот на киднапирани новинари е опаднат во однос на 2015 година,но таа година беше екстремна по бројот на киднапирања на новинари. Бројот на новинари кои се држат во заложништво оваа година изнесува 52 процени, а се работи главно за локални новинари, додека минатата година тој број изнесувал 61. Оваа година, сите киднапирани новинари се наоѓаат на Блискиот Исток. Во Сирија, Јемен и Ирак, исламската држави држи 21 новинар.
Според податоците на Одборо за заштита на новинари (ЦПЈ), првите пет земји со најголем број затворени новинари се Турција, Кина, Египет, Еритреја и Еиопија. За прв пат од 2008 година Иран не е во првата „петорка“.
Целиот извештај на англиски е достапен тука.
Извор: Хина