На 30 јуни германскиот парламент изгласа закон за социјални медиуми според кој онлајн платформите како Facebook и Twitter ќе мора да отстранат незаконски говор на омраза постиран од корисниците. Европската федерација на новинари (ЕФЈ) изрази загриженост во однос на усвојувањето на законот предупредувајќи дека таквиот закон може да доведе до онлајн цензура и ограничување на слободата на медиумите.
Законот за „почитување на законот од срана на социјална мрежа“ предизвика критики во однос на ограничената можност да се контролира повредата на слободата на говорот. Во април, ЕФЈ заедно со своите германски членки (DJV и dju in ver.di) протестираше против нацрт законот и неговата закана по слободата на медиумите. Dju in ver.di told го повикаа германскиот претседател Франк-Валтер Штајнамер да не го потпишува законот усвоен во петокот. DJV критикуваа дека амандманите не се доволни за да гарантираат слобода на изразување.
Усвоениот закон бара од социјалните медиуми во рок од 24 часа да избришат пораки кои содржат сериозни закани (како што се предизвикување омраза и насилство, расистички или антисемитски коментари). Доколку не ја отстранат содржината, компанијата ќе мора да плати казна од до 50 милиони евра. Понатаму, со лична казна од 5 милиони евра ќе бидат казнети поединци на компанијата одговорни за бришење на содржината на социјалниот медиум.
Многумина критичари стравуваат дека законот ќе ги принуди социјалните медиуми да бришат содржина која ја сметаат за незаконска без каква било судска контрола. Тие стравуваат дека социјалните медиуми прекумерно ќе го применуваат законот како мерка на безбедност но на сметка на слободата на говорот.