Грција: Новинарите штрајкуваат против предлог-законот за затворање на фондот за социјалнa заштита на медиумите

Датум

Четирите грчки партнерски организации на ИФЈ – JUADN, PFJU, ESIEMTH и ESPIT – во четвртокот започнаа тридневен штрајк по владиниот план за затворање на Фондот кој повеќе од 50 години обезбедува социјалнa заштита за новинарите и медиумските работници во Грција. Синдикатите велат дека оваа мерка е дел од економската ревизија на грчката влада.

Меѓународната федерација на новинари, која претставува 600.000 новинари во светот, застана зад своите грчки партнери и бара од владата да го заштити фондот за медиуми по масовните загуби на работни места и приходи на новинарите во изминатите години.

„Ова ќе биде последен удар за грчките новинари кои сега се соочени со губење на социјалната заштита откако со години гледаат како нивните права се намалуваат,“ рече Претседателот на ИФЈ, Џим Бумела. „Ние целосно го поддржуваме нивниот став за заштита на Фондот и бараме од владата да го повлече предлог-законот кој е закана по иднината на многу новинари кои се потпираат на Фондот во старост или на оние многумина кои се невработени.“

Нацрт-законот за социјална заштита на владата кој ќе биде презентиран во Парламентот во наредните денови ќе го укине надоместот од 20% за рекламен простор во печатените и радиодифузни медиуми кој оди во фондот за медиуми познат како „Агелиосимо“.  Сопствениците на медиумите не плаќаат никакви социјални придонеси за новинарите и медиумските работници откако „Агелиосимо“ обезбеди социјална заштита (пензии), социјална помош и здравствено осигурување (лекари, лекови, болници, итн.) во Фондот EDOEAP (Медиумска организација за унифицирана дополнителна социјална заштита) со

Владата сака да воспостави унифициран фонд за сите работници во Грција, кој е предвидено да влезе на сила на 1 јануари 2017 година. Но, грчките новинари и медиумски работници се оставено во лимбо, стравувајќи за своите пензии и здравстена заштита кои им ги гарантираше фондот откако „Ангелиосимо“ ќе биде укинат со воведувањето на овој нов фонд.

Партнерските организации на ИФЈ во Грција предупредуваат дека затворањето на EDOEAP ќе има сериозни последици по новинарите, вклучувајќи 18.500 работници и нивните семејства оставени без здравствена заштита, без лекари и лекови, и без болничка нега. Невработените ќе ја загубат социјалната помош и здравственото осигурување, додека пензионерите ќе бидат лишени од болничка и лекарска нега, како и од дополнителните пензии.

Останати
објави

Сподели на...