Грција: 7-часовен штрајк за одржување на плурализмот во емитувањето

Датум

 

Новинарите од цела Грција го прекинаа емитувањето на 11 февруари од 18:00 до 01:00 во знак на протест против планот на владата да го намали бројот на телевизиски лиценци во Грција на само четири национални комерцијални радиодифузери. Меѓународната и Европската федерација на новинари (ИФЈ и ЕФЈ) и нивните грчки партнери (JUADN, PFJU, ESPIT и ESIEMTH) бараат од грчката влада веднаш да го повлече предлогот и да гарантира медиумски плурализам и транспереност во медиумското сопствеништво.

Според нацрт-законот изгласан на 11 февруари, бројот на телевизиски лиценци издадени на комерцијални радиодифузери ќе биде ограничен на четири. Независното тело (Националниот радиодифузен совет – ESR) е заобиколено и овластувањето за издавање телевизиски лиценци се пренесува на Министерот за печат и медиуми кој сега ќе има право да одлучува кому ќе му бидат доделени тие 4 лиценци.

ИФЈ/ЕФЈ го критикуваа нацрт законот во октомври минатата година кога беше за прв пат претставен и илјадници грчки новинари излегоа на 24-часовен штрајк против законот. Федерациите предупредија дека законот значително ќе го намали медиумскиот плурализам во земјата и ќе предизвика многу отпуштања.

Синдикатот на новинари на атинските дневни весници (JUADN) бара:

  • Правила кои ќе гарантираат транспарентност на медиумското сопствеништво
  • Крај на медиумски содржини поврзани со бизнис или политички интереси
  • Целосна заштита на сите медиумски работници, како и заштита на работничките права и правото на пензија на сите новинари како што е утврдено во колективните договори и етичките кодекси.

Останати
објави

Сподели на...