Европската и Меѓународната федерација на новинари (ЕФЈ/ИФЈ) организираа прес конференција во Прес клубот во Брисел за да го искажат својот протест против блокирањето на медиумите во Турција и да ја повикаат владата да ја отповика забраната на информативни канали.
Турската влада неодамна затвори околу 20 телевизиски и радио канали, вклучувајќи го и курдскиот канал Med-Nuçe базиран во Белгија кој беше укинат на 3 октомври од страна на Eutelsat SA, француски сателитски провајдер, на барање на Турција.
Во Турција, 90 новинари се во затвор, повеќе од 2500 новинари ја загубија работата, а налози за апсење се издадени за стотици медиумски новинари по обидот за пуч на 15 јули.
Говорниците поканети на пресот на ЕФЈ/ИФЈ ги вклучуваа Фусун Ердоган, новинар фриленсер за ТВ и радио каналите Bianet, Özgür Radyo и Med Nûce; Баки Ѓул, новинар во курдскиот канал Med Nûce и Бајрам Балџи, новинар во Ozgür Gündem. Тие ги споделија нивните лични приказни и ја повикаа меѓународната заедница да преземе дејство против дискриминаторните мерки кои ги користат турските власти за да ги замолчат оние кои ги критикуваат.
„Минав 8 години во затвор под лажно обвинение и без судење,“ рече Фусан Ердоган. „Наша одговорност како новинари е да ја информираме јавноста и да известуваме за она што се случува во Турција.“ Фусан Ердоган рече дека била лажно обвинета дека била член на терористичка организација во 2006. По 8 години во затвор, емигрирала во Холандија.
Баки Ѓул го осуди произволниот начин на затворање на неговиот канал кој емитувал од Белгија. Работниците во телевизијата Med Nûce ги повикаа европските институции да извршат притисок врз Турција да ги почитува фундаменталните права и го изразија својот сомнеж за легитимноста на суспендирањето од страна на радиодифузниот совет на Турција (РТУК) на каналот кој емитувал од Европа.
Новинарот на Ozgür Gündem, Бајрам Балџи, зборуваше за неговото апсење и ги повика европските новинари на солидарност со нивните турски колеги.
Генералниот секретар на ИФЈ, Ентони Беланџер, изјави дека обете федерации ќе започнат кампања на солидарност за турските колеги кои се борат да ги задржат нивните права. „Турција беше најголемиот затвор за новинарите во Европа пред 15 јули. Денес, Турција, заедно со Кина и Иран, е еден од најголемите во светот! Не ја браниме само слободата на печатот и слободата на изразувањето, ги браните човековите права и правата на граѓаните да бидат информирани, “рече Ентони Беланџер, кој исто така повика на глобална солидарност со турските новинари.
Проектниот офицер на ЕФЈ Мехмет Коксал рече дека „ИФЈ и ЕФЈ ги пријавиле сите случаи во Турција до Платформата за промовирање на новинарството и безбедноста на новинарите на Советот на Европа, и водат листа на сите уапсени новинари во Турција. „Тоа е начин да следиме колку денови минале во затвор, за да не ги заборавиме.“