Европа покажува поголема почит за синдикатите

Датум

Меѓународната конфедерација на синдикатите (ITUC) го објави годинешниот извештај на Глобалниот индекс на права, кој дава увид во кршењето на работничките права во светот. Тој рангира 139 земји од еден до пет, во зависност од 97-те индикатори за да утври каде работничките права се најдобро заштитени со закон и во пракса. Според извештајот, најлоши земји за работниците во Европа се Турција, Белорусија, Грција, Украина, Босна и Херцеговина, Романија, Србија и Обединетото Кралство.

Бројот на земјите во кои работниците трпат физичко насилство и закани се зголеми за 10 проценти за само една година. Во Европа, меѓутоа, синдикатите имаат поголема почит и поддршка во општеството, како резултат на јаката култура и традиција на индустриски односи, особено помеѓу земјите членки на Европската Унија, покажува извештајот.

Тоа се одразува во пониското ниво на кршење на законите и праксата. Синдикатите во Европа често се погрешно категоризирани од елитата и десничарските опоненти како пречка за економска конкурентност и развој, особено по започнувањето на економската криза, вели извештајот. Во него понатаму се вели дека често во последните години ваквото лобирање резултирало во ограничување на капацитетот на синдикатите и нивно слабеење во пракса и покрај законската заштита. Во Обединетото Кралство, најлошото анитсиндикално законодавство беше презентирано пред Парламентот, но некои од најдрастичните елементи од законите беа поразени со ефективно синдикално лобирање од страна на TU.

Останати
објави

Сподели на...