Европејците и понатаму највеќе му веруваат на радиото

Датум

Радиото е и понатаму медиум на кој европските граѓани најмногу му веруваат, покажува нова студија.

Публиката низ цела Европа има најмногу доверба во радиото и телевизијата, додека на дното на листата се социјалните мрежи и печатените медиуми, покажало истражувањето на радиотелевизиите Европската Унија.

Во истражувањето „Доверба во медиумите 2017“  се наведува дека половината европски граѓани им веруваат на радиотелевизиските медиуми, а дека само 36% му веруваат на интернетот. Од сите медиуми, најмногу доверба публиката има во радиото.

 

„Доколку го погледнете односот кои луѓето го имале со радиото и телевизијата низ времето, тој е подолг и посилен, така што полесно им е да ги препознаат медиумските брендови на кои им верувале пред интернетот. Мислиме дека тоа е многу поврзано со перцепцијата која луѓето ја имаат за платформата“, изјави Роберто Суарез Кандел од EBU, пишува  Journalism.co.uk.

 

Од EBU наведуваат дека социјалните мрежи се добра платформа за вестите да се активираат и да се каже како нешто се случило.

„Но како поминува повеќе време, квалитетот на информациите на тие платформи станува полош, вестите стануваат искривени… Затоа многу луѓе преминуваат на други платформи кои повеќе ги поврзуваат со квалитетно новинарство“.

Во текот на истражувњето се забележани и регионални разлики во довербата на публиката. Земјите од Југоисточна Европа и Велика Британија покажуваат најмалку доверба во печатените медиуми, додека западноевропските граѓани најмалку доверба имаат во социјалните мрежи. Довербата во радиото и телевизијата е најголема во нордискиот регион – во Финска, на пример, 82 проценти од граѓаните му веруваат на радиото а 78 проценти на телевизијата.

Потсетуваме, и минатогодишното истражување на EBU покажа дека радиото е најверодостоен медиум за Европејците.

Останати
објави

Сподели на...