Европски столб за социјални права

Датум

ЕФЈ ја поздравува одлуката на Европскиот парламент за#Socialpillar

Со усвојувањето на нацрт извештајот за „Европски столб за социјални права“ на репортерката Мариа Жоао Родригез (S&D, PT), Европскиот парламент го усвои начелото на еднаков третман кое вели дека „основните права на сите работници треба да бидат загарантирани независно од формата на нивниот договор за вработување“. Ова е едно од главните барања на ЕФЈ како одговор на консултациие за социјалниот столб кои беа иницирани од страна на Европската комисија.

„Се заблагодаруваме на известувачот и на Европскиот парламент за проширувањето на концептот на социјални права вклучувајќи го и правото на колективно преговарање и синдикално приклучување за сите работници независно од нивниот договор за вработување. Долго време бараме еднаков третман за фриленсерите и таканаречените „атипични работници“, рече претседателот на ЕФЈ Могенс Блишер Бјерегард. “Неприфатливо е прекарните  работници да бидат најмалку заштитени во Европа.“

Европскиот парламент го усвои начелото на еднаков третман кое вели дека „основните права на сите работници треба да бидат загарантирани независно од формата на нивниот договор за вработување“

ЕП ги повикува социјалните парнери и Комиисјата да дадат предлог за рамка на директива за пристојни работни услови во сите облици на вработување вклучивајќи и нови форми, како што се работа по потреба или работа со посредништво на дигитални платформи. ЕП исто така ги поттикнува земјите членки поефективно да ги спроведат работничките стандарди и особено да се позанимаваат со непријавената работа. За таа цел, тие предлагаат воведување на социјална картичка на ЕУ која ќе помогне да се обезбеди правична социјална заштита за работниците кои придонесуваат кон социјалниот систем преку евиденција на нивните придонеси акумулирани на лични сметки. Во извештајот исто така се повикува и на минимум стандарди за обука и пристојни работни услови, вклучвајќи и соодветна плата за работа на приправници, интернисти и стажанти. Исто така, мора да постои ограничување на работата по нарачка: договори на нула часови не смеат да бидат дозволени.

Необврзувачката резолуција беше усвоена со 369 гласови за наспроти 180 против и 68 воздржани.

Во понеделник, 23 јануари, Европската комисија огранизира конференција на високо ниво за „Европскиот столб за социјални права: да одиме заедно напред“. ЕФЈ ќе учествува на конференцијата.

За повеќе информации:на следниов линк

Останати
објави

Сподели на...