ЕМОЦИИ, ТРАУМА И ДОБРО НОВИНАРСТВО

Датум

Совети од Извршниот директор Брус Шапиро, првично објавени на Годишната конференција за истражувачки новинари и уредници во 2005 година.

  • Секој кој има редовен контакт со сериозно трауматизирани лица е во опасност самиот да биде емотивно повреден. Истражувачките новинари можеби не се во првите редови во војни и трагедии, но интервјуирањето жртви и сведоци, истражувањето на трагедија, прегледувањето слики и видеа и составувањето стории за трауматски настани може да има длабоко емотивно влијание. Психолозите тоа го нарекуваат „секундарна траума“, која може да резултира со симптоми на пост-трауматско стресно пореметување (ПТСП), депресија, анкциозност и други проблеми.
  • Емотивната повреда не е поврзана со тоа колку сте јаки или слаби. Последните невролошки откритија покажуваат дека ПТСП и другите проблеми се одраз на психолошки и биолошки промени, особено како реакција на трауматски настани или хорор.
  • Истражувањето покажува дека претходна изложеност на траума значително го зголемува ризикот од развивање на ПТСП и поврзани проблеми. Лице кое секогаш добро се справувало може одеднаш да се најде совладан од навидума справлив инцидент или сторија. Траумата е кумулативна.
  • Емотивната повреда влијае врз способноста за расудување и капацитетот за известување, како и врз „приватниот живот“.
  • Од друга страна, свесноста за психолошките проблеми зад истражувачките стории ќе ве направат подобар соговорник во интервјуата и во градењето доверба со длабоко истрауматиизрани извори.

 

ОДРЖУВАЊЕ НА ИЗДРЖЛИВОСТА ПРИ РАБОТА НА ТЕШКИ СТОРИИ

  • Доколку сте слушале приказна на жртва на траума или сте се преплавиле со записи, фотографии или други документи со трауматска, ужасна и опсесивна содржина, најдете начин да се релаксирате на еден или два дена. Колку и проектот да бара посветеност и работа, секој ден градете механизми за дистанцирање – активности кои ќе ве оддалечат од приказната. Доколку имате омилена техника за намалување на стрес (вежбање, јога, уметност, итн.), практикувајте ја.
  • Регулирајте ја кумулацијата на траума. Доколку вашиот проект вклучува повеќе интервјуа со жртви, сведоци или преживеани, одделете ги временски. Доколку прегледувате вознемирувачки слики или документи, не се обидувајте да апсорбирате сè одеднаш. Правете паузи.
  • Спијте доволно. Лишувањето од со за време на истражувачки проект не само што ја зголемува вашата емотивна ранливост, туку и влијае врз вашиот суд за вести и професионалната способност.
  • Внимавајте да не се изолирате. Доколку сам работите на сторија, редовно разговарајте со некој кому верувате и кој е внимателен слушател. Доколку работите во тим, разговарајте меѓу себе, и внимавајте на промени во однесувањето на членовите на вашиот тим или во способноста за расудување.
  • Знајте си ги границите. Доколку сте добиле проблематична задача која мислите дека не можете да ја завршите, учтиво објаснете му на вашиот претпоставен зошто сте загрижени. Кажете му/ѝ дека можеби не сте најдобриот избор за задачата и објаснете зошто.
  • Емотивната вознемиреност не е невообичаена при работа на сторија со трауматска содржина. Но, доколку вознемиреноста не се повлече со тек на време, може да стане токсична. Пред да умре во април 1945 година, Ерни Пајл напиша: „Долго време бев вовлечен во тоа. Духот ми е колеблив и умот ми збунет. Болката стана преголема.“ Доколку ова ви се случи, побарајте професионална помош.

ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ЗНАЦИ

Независно дали се работи за вас или за член на тимот, при работа на тежок проек внимавајте на промени во однесувањето, способноста за расудување, работните навики и употребата на дрога или алкохол. Особено внимавајте на:

  • Потешкотии во концентрирањето
  • Невообичаена раздразливост или нетрпение
  • Слики или мисли поврзани со проектот кои се појавуваат ненајавено
  • Невообичаена изолација или повлекување
  • Пореметувања во спиењето
  • Зголемено земање лекарства

Подолу е дадена листа на начини на кои може емотивно да се одговори на трауматичен настан, и кој може да укаже дали лицето страда од акутна сресна реакција. Генерално, шест одговори со „да“ укажуваат на присуство на акутен стрес.

  1. Вознемирувачки мисли или спомени за настанот кои ви доаѓаат на ум без да сакате
  2. Вознемирувачки соништа за настанот
  3. Однесување или чувство дека настанато одново се случува
  4. Вознемиреност при потсетување на настанот
  5. Телесни реакции (како што се брзо биење на срцето, превртување на желудникот, потење, вртоглавица) при потсетување на настанот
  6. Потешкотии при заспивање и често будење
  7. Раздразливост или изблици на лутина
  8. Потешкотии во концентрирањето
  9. Зголемена свесност за потенцијалните опасности по себе и другите
  10. Напнатост и штрекање на нешто неочекувано

РЕСУРСИ: ДЕФИНИЦИЈА
ПОСТ-ТРАУМАТСКО СТРЕСНО НАРУШУВАЊЕ

А. Лицето било изложено на трауматски настан во кој биле присутни следните два елементи:

  1. Лицето доживеало, било сведок или било соочено со настан или настани во кои се случила или постоела закана да се случи смрт или сериозна повреда; или закана по физичкиот интегритет по лицето или по некој друг; и
  2. Реакцијата на лицето вклучувала интензивен страв, беспомошност или хорор. Забелешка: кај деца, тоа може да биде изразено преку неорганизираност или возбуда.

 

Б. Трауматскиот настан постојано се преживува на еден (или повеќе) од следните начини:

  1. Повторливи или интрузивни вознемирувачки сеќавања за настанот, вклучувајќи слики, мисли или перцепции.
  2. Повторливи вознемирувачки соништа за настанот. Забелешка: кај деца, може да дојде до кошмари без препознатлива содржина.
  3. Однесување или чувство како трауматичниот настан одново да се случува (вклучува чувство на одново преживување, илузии, халуцинации и дисоцијативни епизоди на враќање во минатото, вклучувајќи ги и оние кои се случуваат при будење или под дејство на алкохол и дрога).
  4. Интензивна психолошка вознемиреност при изложеност на внатрешни и надворешни потсетници кои го симболизираат или наликуваат на аспект од трауматичниот настан.
  5. Физиолошка реакција при изложеност на внатрешни и надворешни потсетници кои го симболизираат или наликуваат на аспект од трауматичниот настан.

 

В. Постојано избегнување на стимули поврзани со траумата и умртвување на генералната респонзивност (што не било случај пред траумата), на што укажуваат три (или повеќе) од следните:

  1. Обиди да се избегнат мисли, чувства или разговори поврзани со траумата
  2. Обиди да се избегнат активности, места или луѓе кои потсетуваат на траумата
  3. Неможност да се присети на важен аспект од траумата
  4. Забележително намален интерес или учество во значајни активности
  5. Чувство на отуѓеност од другите
  6. Ограничен опсег на чувства (пр. неспособност за чувство на љубов)
  7. Чувство на скратена иднина (пр. не очекува да има кариера, брак деца, или нормален животен век).

Г. Симптоми на постојана возбуденост (кои не биле присутни пред траумата), на што укажуваат две (или повеќе) од следните:

  1. Тешко заспивање или често будење
  2. Потешкотии во концентрирањето
  3. Раздразливост или изблици на лутина
  4. Изразена претпазливост
  5. Засилена состојба на „штрек“

 

Д. Времетраење на нарушувањето (симптоми во критериумите Б, В и Г) е подолго од еден месец.

Ѓ. Нарушувањето предизвикува клинички значајна вознемиреност или нарушување на социјалниот, професионалниот живот или други важни области на функционирање.


Акутно
 – времетраењето на симптомите е пократко од три месеци
Хронично – времетраењето на симптомите е подолго од три месеци

Останати
објави

Сподели на...