Европската и Меѓународната федерација на новинари (ЕФЈ/ИФЈ) го осудува насилството на полициските сили врз новинарите кои ги покриваат демонстрациите во Јереван, Ерменија на 29 јули. Најмалку десет новинари се здобија со изгореници, модринки и повреди.
Помеѓу медиумските работници повредени во последните судири се три новинари од ерменскиот сервис на Radio Liberty Карлен Асланјан, Ховханес Мовсисјан и Гарик Харутиуниан; новинари на CivilNet и A1+ TV; новинарката на веб страницата 1in.am Мариам Григоран и камерманот Давид Харутјунјан; дописникот на ерменската телевизија Агхван Асојан и камерманот Алберт Галстјан; новинарот на Lragir.am Марут Ванјан; и камерман на руската Life TV, според известувањата на локалните медиумски.
Директорот на ерменскиот радиодифузен сервис на Радио Слободна Европа/Радио Либерти (RFE/RL) тврди дека неидентификувани полициски службеници во цивилна облека нападнале три новинари на Радио Либерти со пендреци, им ја искршиле опремата и им ги искинале прес ознаките, терајќи ги да го прекинат директниот пренос. Еден новинар и еден камерман на A1+ велат дека биле насилно отстранети од нивното службено возило и тепани, а прес беџовите им биле насилно искинати.
Во Ерменија има протести од 17 јули кога вооружени лица од радикалната опозициска група Сасна Тсрер окупираа полициска станица во округот Еребуни во Јереван барајќи политички олеснувања од владата. Јавната поддршка на барањата на радикалната група прерасна во масовно протестантско движење во Јереван, сè додека вооружените лица на Сасна Тсрер не беа принудени да се предадат на 31 јули.
Ерменската специјална истражна служба отвори истрага за полициските акции ноќта на 29 јули, а полицијата најави внатрешна истрага. Ерменскиот претседател Серж Саркисјан рече: „И јас им се извинувам на новинарите за настаните кои се случија ноќта на 30 јули; за време на овие настани ја направивме најголемата грешка. Секако, ќе извлечеме заклучоци.“
Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ му пиша на министерот за надворешни работи Едвард Налбандиан дека владата „треба да спроведе практични чекори за полицијата да покаже воздржаност кон новинарите и да гарантира дека тие нема да бидат мета на полицијата или насилници. “Полицијата треба да ги штити новинарите и медиумските работници,“ додате таа.
Случајот е поднесен до платформата за заштита на новинарството и безбедноста на новинарите на Советот на Европа.