ЕУ со поддршка на медиумски плурализам и јавни сервиси на Балканот

Датум

ЕУ треба да ги подддржи и да поттикне социјален дијалог меѓу засегнатите страни во медиумската индустрија“, рече претседателот на ИФЈ Могенс Блишер Бјерегард на средбата со еврокомесарот Хан
ЕУ треба да ги подддржи и да поттикне социјален дијалог меѓу засегнатите страни во медиумската индустрија“, рече претседателот на ЕФЈ Могенс Блишер Бјерегард на средбата со еврокомесарот Хан

Делегација на Европската федерација на новинари (ЕФЈ) вчера (05/09/2016) се сретна со  Јоханес Хан, Комесарот за преговори за проширување на ЕУ, за да дискутираат како да се подобрат работните и социјалните услови за новинарите и како да се воспостоват квалитетни јавни сервиси и медиумски плурализам во Западен Балкан.

Во моментов синдикатите не ја играат улогата која би требало да ја играат во Источна Европа. ЕУ треба да ги подддржи и да поттикне социјален дијалог меѓу засегнатите страни во медиумската индустрија

„Во моментов синдикатите не ја играат улогата која би требало да ја играат во Источна Европа. ЕУ треба да ги подддржи и да поттикне социјален дијалог меѓу засегнатите страни во медиумската индустрија“, рече претседателот на ЕФЈ Могенс Блишер Бјерегард, истакнувајќи ја потребата од јакнење на новинарските синдикати во овој регион. Како конкретен предлог се спомена организирање на „трилатерални средби“ помеѓу социјалните партнери и претставници на владата за да се потпомогне социјалниот дијалог во медиумскиот сектор. „Работодавците, работниците и владите треба да можат да се сретнат за да потпишуваат договори“, рече претседателот на ЕФЈ.

Средбата беше фокусирана на прашањето на јавните медиумски сервиси и нивното значење за целокупната медиумска слика во регионот, потребата од медиумски плурализам и одржливи деловни модели за подобрување на условите за вработување на новинарите и квалитетот на вестите. „Важноста од непристрасни информации и почитувањето на владеењето на правото одат рака под рака“ рече Комесарот Хан, поздравувајќи ги напорите на ЕФЈ и нејзините национални партнери за јакнење на независното новинарство и градење капацитети на професионалните организации.

Загрижувачката состојба во Турција во однос на слободата на печатот и мерките преземени против голем број новинари беа исто така адресирани. И Комесарот Хан и ЕФЈ се согласија да соработуваат, вклучително и со НВО-и и други институтции на ЕУ, со цел да се изнајдат начини да им се помогне на новинарите и на медиумските работници засегнати од оваа ситуација и да се поддржи слободата на медиумите во Турција.

 

Останати
објави

Сподели на...