ЕФН и 43 невладини организации го повикуваат Европскиот парламент да обезбеди силен акт за слобода на медиумите

Датум

Европската федерација на новинари (ЕФН), заедно со 43 новинари, во функција на слободата на печатот, граѓанското општество и групите за дигитални права, ги повикува членовите во Европскиот парламент како законодавци, да започнат со работа и да го зајакнат Европскиот акт за слобода на медиумите. Заробените медиумски пазари сè повеќе ја попречуваат медиумската слобода и плурализмот, предуслов за стабилна демократија и владеење на правото. Ги повикуваме членовите на Европскиот парламент да се вклучат конструктивно во оваа витална дебата за да се осигури дека Европскиот акт за слобода на медиумите ќе стане силна, кохерентна регулатива која воспоставува усогласени правни заштитни мерки низ Европа.

Европската федерација на новинари до Европскиот парламент го испрати следното писмо:

Драги членови на Европскиот парламент,

Ние, долупотпишаните новинари, во име на слободата на печатот, граѓанското општество и групите за дигитални права, ви пишуваме за да ја повториме нашата целосна поддршка за зајакнат и навремен Европски акт за слобода на медиумите.

Многу новинари низ Европската Унија се наоѓаат во медиумски заробени пазари, каде што независните гласови трпат поради економскиот притисок. Новинарите и медиумите се борат за финансиска одржливост и критичките медиуми често се дискриминирани од (нелиберални) политичари кои го блокираат пристапот до одржливи финансиски ресурси. Други се принудени да пријават одреден официјален наратив поради политички притисок. Преземањата на медиумите под политичко влијание создаваат средина каде што критичките новинари се во малцинство.

Слободата на медиумите и плурализмот се предуслов за стабилна демократија и владеење на правото. Независните медиуми помагаат во формирањето на јавното мислење и имаат директно влијание врз исходот на изборите.

Европскиот акт за слобода на медиумите се стреми да ја заштити независноста на медиумите преку изготвување заеднички европски стандарди за слобода од уредувачко мешање и незаконско следење, гарантирање на медиумскиот плурализам, обезбедување поголема транспарентност на сопственичките и финансиските односи со државата, ставање крај на злоупотребата на државните средства за создавање клиенталистички медиуми, заштита на независноста на медиумите на јавниот сервис и независноста на националните регулаторни органи, и обезбедување на економска одржливост во која независното новинарство може да процвета.

Ова се суштинските прашања и ние ги повикуваме членовите на Европскиот парламент да се вклучат конструктивно во оваа витална дебата за да се осигури дека Европскиот акт за слобода на медиумите ќе стане силна, кохерентна регулатива воспоставувајќи усогласени, правни заштитни мерки низ Европа.

https://europeanjournalists.org/blog/2023/02/09/efj-joins-csos-in-calling-on-european-parliament-to-start-co-legislative-work-on-european-media-freedom-act/embed/#?secret=hZY7IgrO61#?secret=3FqPe3YiIS

Останати
објави

Сподели на...