ЕФЈ-ИФЈ длабоко жали за смртта на Ким Вол

Датум

Европската и Меѓународната федерација на новинари (ЕФЈ-ИФЈ) денес се приклучи на нивниот шведски партнер, Шведскиот новинарски синдикат (СУЈ), во жалоста за смртта на шведската новинарка Ким Вол која се случи во Копенхаген, Данска.

„Со желење и неверување ја примивме веста за смртта на нашата колешка Нашите мисли се со семејството на Ким Вол“ рече Јонас Нордлинг, претседател на Шведскиот синдикат на новинари.

Претседателот на ЕФЈ, Могенс лишер Бјерегард исто така изрази сочуство до Шведскиот новинарски синдикат и семејството на Ким Вол по потврдата утрово од страна на данската полиција дека телото пронајдено на плажата Амагер во Данска е идентификувано како нејзино.

Ким Вол, 30, беше пријавена како исчезната на 10 август, откако не се врати од патување на цивилна подморница, аутилус, со нејзиниот пронаоѓач Питер Мадсен. Таа истражуваше за статија за подморницата и пловилото кое тој го изгради во 2008 година од донации од јавноста. Г-ица Вол, која дипломираше на училиштето за новинарство на Универзитетот Колумбија, работеше за многу новински организации, меѓу кои Guardian, New York Times и South China Morning Post.

Г-дин Мадсен беше уапсен во врска со нејзиното исчезнување и, по првичните тврдења дека безбедно ја оставил во близина на Копенхаген, подоцна изјави дека умрела при незгода и ја фрлил во морето.

Полицијата ги извести новинарите дека на торзото на Г-ица Вол бил врзан метален објект и тоа било искасапено веројатно во обид гасовите кои се ослободуваат при распаѓањето да се ослободат за телото да не излезе на површина.

ИФЈ и ЕФЈ ги чекаат конечните резултати од истрагата на данската полиција за ги дознаат сите околности во врска со смртта на Ким Вол.

Останати
објави

Сподели на...