ЕФЈ: ОБСЕ итно да именува нов Претставник за слобода на медиуми

Датум

Европската федерација на новинари (ЕФЈ) и Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) се приклучија кон коалицијата на организациите за слободна на изразување и новинарски организации во повикот на земјите-членки на ОБСЕ итно да именуваат нов Претставник за слобода на медиуми.

Претставникот за слобода на медиуми е назависна институција на ОБСЕ која има единствен мандат кој ги штити и промовира медиумските слободи во сите 57 земји-членки на ОБСЕ.

Поранешната носителка на мандатот Дуња Мијатовиќ ја напушти канцеларијата на 10 март 2017 година и оттогаш не е именуван нејзин наследник. Од ЕФЈ и ИФЈ наведуваат дека неуспешното именување на наследник ќе ја ослабе заштитата на слободата на медиумите во целиот регион на ОБСЕ, во исто време кога медумските организации во земјите-членки се критички нападнати.

Во продолжение на текстот прочитајте го писмото до членовите на Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), во кое се повикуваат да именуваат нов Претставник за слобода на медиуми, без одлагање, за да се не загуби дводецениската успешност на оваа институција.

 

ПИСМО ДО ОБСЕ ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПРЕТСТАВНИК ЗА СЛОБОДА НА МЕДИУМИ

 

Ние, долупотпишаните, новинари и организации кои ја промовираат слободата на изразување, го повикуваме Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа да именува нов мандатар на Канцеларијата на ОБСЕ на Претставникот за слобода на медиумите (RfoM), откако истече мандатот на госпоѓа Дуња Мијатовиќ во март оваа година.

Како што стои во нашето писмо од 16 февруари 2017 година, ние силно веруваме во високата вредност и важноста на Канцеларијата на RfoM, како и во мандатот на Претставникот за кој се согласни сите земји на ОБСЕ.

„Претставникот за слобода на медиумите на ОБСЕ има функција на брзо предупредување и дава брз одговор на сериозните непочитувања во однос на слободата на медиумите и слободата на изразување. Земјите-членки на ОБСЕ го сметаат правото на слободата на изразување за темелно и меѓународно признаено човеково право и основна компонента на демократското општество. Претставникот има мандат да го набљудува развојот на настаните во земјите-членки и да промовира целосна сообразност со принципите и обврските на организациите во поглед на слободата на изразување и слободата на медиумите.“

Од своето отворање во 1998 година, Канцеларијата имаше носители на мандатот без прекин, а Претставниците за слобода на медиуми кои еден по друг се именуваа помагаа во одржувањето на слободата на медиумите на дневниот ред на политиката во рамките на ОБСЕ и дадоа значаен допринос на низа иницијативи поврзани со слободата на печатот во регионот на ОБСЕ. Тоа го овозможи независноста на канцеларијата, како и профилите на Претставниците кои покажаа одлучност, визија и постојаност во исполнувањето на нивниот мандат.

Поранешниот носител на мандатот, Дуња Мијатовиќ, ја напушти Канцеларијата на 10 март 2017 година, откако на една година ги продолжи своите двогоишни услови. Австриското претседателство на ОБСЕ даде рок до 7 април 2017 за номинирање на нејзина замена, но до денес не е објавен нејзин наследник.

Ваквата ситуација го загрижува медиумите и другите заинтересирани страни, вклучувајќи и многу организации кои активно се занимаваат со медиумските слободи во Европа, а кои се плашат од губење на вреден партнер и глас. Работата на RfoM е од критично значење, додека новинарите и медиумските работници во целиот регион на ОБСЕ се среќаваат со значајни и нови притисоци.

Иако Канцеларијата на Претставникот продолжи да го поддржува својот мандат во периодот на транзиција по заминувањето на г-ѓа Мијатовиќ, силното раководство е сепак од суштинско значење во обезбедувањето дека националните влади во регионот ќе остана доследни на својата обврска за заштита на новинарите и независноста на медиумите. Пропустот да се назначи нов носител на мандатот претставува ризик од уназадување од веќе постигнатиот напредок во заштитата на медиумските слобди, поткопувајќи го напредокот во промовирањето на стабилни, толерантни и одговорни општества.

Затоа ги повикуваме сите земји-членки да извршат притисок врз ОБСЕ за именување на нов Претставник за слобода на медиуми без одлагање за да не се изгубат резултатите од дводецениската работа на Канцеларијата.

Исто така ги охрабруваме државите-членки да ја користат својата колективна тежина за да влијаат на изборот на нов претставник, и така да овозможат најдобар можен профил за оваа важна институција, со досегашното искуство и докажаната посветеност на слободата на изразувањето и слободата на печатот.

Останати
објави

Сподели на...