Од војни до протестни движења, жените новинарки работат во конфликтни зони и земаат огромен ризик во име на слободата на информациите. Меѓународната федерација на новинари и Советот за родова еднаквост ги ставаат нив во центарот на вниманието како дел од кампањата на Меѓународниот ден на жената на 8 Март.
Десет жени беа убиени при извршување на должноста во 2022 година, најмногу од нив известувале од конфликтните зони.
Жените новинарки додека известуваат се соочуваат со сериозни предизвици од воените напади, закани од полицијата и полово насилство. Нивната безбедност е ставена во ризик и некои од нив преземаат свои тактики за да останат безбедни.
Други проблеми поврзани со работата се јавуваат во одредени делови од светот, како што се отсуството на договори за работа или осигурување, недостатокот на безбедносна опрема приспособена на телата и обуката на жените, недостатоците во дигиталната безбедност и заостанатите плати кои принудуваат многу новинари да преземат дополнителни ризици за да врзуваат крај со крај.
Но известувањето од конфликтите зони се можност за жените новинарки да направат промена во конфликтната приказна, предизвикаат родови стереотипи и известуваат поинаку. Женските гласови се клучни за целосно разбирање на приказната. Понекогаш да се биде жена дури станува предност за пристап до одредени локации и разговор со извори.