Забрането присуство на албански новинари на сослушувањето на комисијата за медиуми

Датум

Европската федерација на новинари (ЕФЈ) заедно со својата подружница Здружението на професионални новинари (АПЈ) во Албанија изразува длабоко разочарување и загруженост за неуспешното сослушување на Комисијата во албанскиот Парламент. Сесијата бше планирана за денес, кога беше организирано сослушување во Комисијата за медиуми со поранешниот директор на телевизискиот канал A1 News, Алида Тота, кој беше отпуштен поради истражувачка репортажа минатиот август. Тој ја истражуваше трагичната смрт на 17-годишниот Арди Ѓоклај кој наводно работел во депонија под надзор на Општина Тирана.

Здружението на професионални новинари на Албанија побара од Парламентарната комисија за образование и средства за јавно информирање на 20 септември 2016 да го испита случајот. Комисијата за медиуми одлучи да одржи сослушување на 26 октомври 2016 и го покани поранешниот директор A1 News, Алида Тота и претставник на АПЈ, новинарот Аулон Калаја.

Но кога новинарите од други медиуми се обидоа да влезат на сослушувањето, членовите на Националната гарда им забранија на новинарите и камерите влез во Комисијата за медиуми, и покрај неколупати повторената покана на Претседавачот на Комисијата, Г-дин Генц Поло. Поради факот што членовите на владејачката коалиција ја напуштија Комисијата, сослушувањето на новинарот Алида Тота беше безуспешно поради отсуството на кворум.

Претседавачот на Комисијата за медиуми, Генц Поло (пратеник на опозицијата) го обвини Премиерот Рама за блокирање на сесијата, обвинувајќи го дека се обидува да го затвори случајот на убиство на малолетник [со попречување на работата на новинарите]. Потпретседавачот на Комисијата, Алфред Пеза (пратеник на мнозинството) сметаше дека сослушувањето е само уште една причина за засилување на анти-владиниот став на опозицијата. АПЈ го смета неуспешното сослушување за јасна илустрација на цензурата на слободата на изразување на новинарите во Албанија. Важно е да се забележи дека дури и кога се официјално поканети да го кажат своето мислење во институција која ја претставува вољата на народот, како што е албанскиот Парламент, тие се лишени од тоа право.

Останати
објави

Сподели на...