Загрижувачка студија за слободата на медиумите во земјите на ЕУ

Датум

Неодамна објавената студија за „Компаративна анализа на слободата на медиумите и плурализмот во земјите-членки на ЕУ“ спроведе истражување на состојбите во Бугарија, Франција, Грција, Унгарија, Италија, Полска и Романија, сите од кои покажале високо-ризичен плурализам проследен со силно мешање на државата во медиумите или тесни економски врски помеѓу политиката и медиумите.

Студијата долга 175 страници започнува со премисата дека секој обид да се адресира слободата на медиумите и плурализмот на европско ниво треба да биде „нераскинливо поврзан со прашањата на демократија, владеење на правото и основните права и треба да стане дел од еден редовен процес на демократска критичка анализа“. Извештајот инсистира дека Европската унија е надлежна да носи легислатива по ова прашање, како што е веќе истакнато од Групата за слобода на информации и плурализам.

Следењето на медиумскиот плурализам треба да продолжи и треба да се развијат јасни процедури за потенцијални прекршувања.

На маса се ставени шест конкретни препораки, вклучувајќи и ја јавни фондови (државна помош во медиумскиот сектор), транспарентност, јакнење на статусот на новинарската професија, медиумска писменост, провајдери на платформи и конкретни предлози за измени на Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги, која е под ревизија во моментов (види препорака 3):

 

  1. Адекварни правила против заситеност треба да се спроведат на пазарот.
  2. Треба да се преземат неопходните чекори за јакнење на нивото на новинарската професија во нивните земји, поттикнувајќи новинарска саморегулација, промовирање на образование, примена на најдобрите практики во полето на заштита на изворите на новинарите.
  3. Треба да се промовира мдиумска писменост и соработка со програмите на ЕУ за да се зајакне нивото на медиумска писменост помеѓу граѓаните на Европа.
  4. Треба да се зајакне независност на националните регулаторни тела за да се обезбеди дека се исполнети барањата на Препораката 2000 (23) на Советот на Европа и член 3 од Рамковната директива.
  5. Треба да се обезбеди културен и општествен диверзитет.

 

Работниот статус на новинарите е исто така опфатен и фактот што многу новинари се вработени на определено време или со авторски договори и не ја уживаат заштитата и придобивките од законот за работни односи исто така се смета за проблем.

Последните случувања во Унгарија, Хрватска, Полска и многу други земји-членки на ЕУ ја покажуваат потребата од заедничка акција на ниво на ЕУ. Општата криза во медиумите и константното намалување на фондовите за новинарство од јавен интерес, заедно со подемот на политичкиот екстремизам, национализам и популизам, ја наметнуваат потребата од наднационална акција според наодите на оваа многу детална студија нарачана од Одделот за граѓански права и уставни работи на Европскиот парламент на барање на Комисијата за граѓански права,правда и внатрешни работи.

Останати
објави

Сподели на...