Затворен унгарски левичарски весник

Датум

Во главниот град Будимпешта, во саботата ,илјадници луѓе излегоа на протест пред парламентот за поддршка на слободата на печатот и весникот Nepszabadsag

Associated Press

Будимпешта, Унгарија (AP) – Најголемиот унгарски левичарски политички весник ја прекина работата поради „значителни“ загуби, изјави неговиот сопственик во саботата. Потегот беше осуден од опозициските партии низ целиот политички спектар кои ја обвинија владата на премиерот Виктор Орбан дека се обидува да ја прошири својата доминација врз медиумите.

Во главниот град Будимпешта, во саботата ,илјадници луѓе излегоа на протест пред парламентот за поддршка на слободата на печатот и весникот Nepszabadsag. Некои палеа оган со копии од провладини весници.

Mediaworks изјавија дека бараат „најдобар бизнис модел“за весникот Nepszabadsag, нудејќи им на претплатниците алтернативни публикции или враќање на парите. Компанијата не кажа кога весникот повторно ќе проработи, но рече рече дека сака да го „зачува Nepszabadsag за во иднина.“

Mediaworks изјавија дека весникот загубил повеќе од 5 милијарди форинти (18,5 милиони долари) од 2007 година и дека досега годинава генерирал значителна нето загуба.

„Редакцијата на Nepszabadsag во исто време со јавноста дозна дека весникот се затвора со одлука која веднаш влегува на сила,“ пишуваа новинарите на Facebook страницата на весникот. „Прво помисливме дека се работи за пуч. Ќе ве известиме наскоро.“

За многумина е сомнителен тајмингот на затворањето. Во последните неколку  дена, весникот објави неколку стории за можна корупција на владата – а извести и за екстравагантните патни аранжмани на постар министер и за личен скандал во кој е вклучен претседателот на Народната банка на Унгарија

За многумина е сомнителен тајмингот на затворањето. Во последните неколку  дена, весникот објави неколку стории за можна корупција на владата – а извести и за екстравагантните патни аранжмани на постар министер и за личен скандал во кој е вклучен претседателот на Народната банка на Унгарија.

„Тоталното поткопување на Nepszabadsag е последен пример на мегаломанијата на Виктор Орбан“, рече Адам Миркоси, портпарол на крајно-десничарската партија Јобик. „Единствената цел на Фидес е или да добие 100 проценти контрола врз унгарските медиуми или да ги опструира.“

„Многу ги почитувам моите колеги кои ги напишаа истражувачките новинарски стории…тие многу силни статии,“ рече Золтан Тренсенји, новинар од суспендираниот весник кој присуствуваше на протестот.

Медиумскиот пејсаж на Унгарија значително се смени во изминатите неколку години, кога многу интернет публикации како и радио и телевизиски станици паднаа под контролата на внатрешниот круг на Орбан и потоа усвоија видлива провладина уредувачка политика

Медиумскиот пејсаж на Унгарија значително се смени во изминатите неколку години, кога многу интернет публикации како и радио и телевизиски станици паднаа под контролата на внатрешниот круг на Орбан и потоа усвоија провладина политика.

„Мое скромно мислење е дека е крајно време Nepszabadsag ненадејно да се затвори“, реќе Силард Немет, заменик-претседавач на владејачката партија Фидес на Орбан, алудирајќи на комунистичките корени на весниктот.

Имаше многу шпекулации дека Nepszabadsag и други публикации на Mediaworks ќе бидат продадени на еден од сојузниците на Орбан. Парите за реклами од владата и државни претпријатија, значаен извор на приход за медиумите, се забележително наклонети кон провладините публикации.

Mediaworks, во сопственост на приватна австриска компанија Vienna Capital Partners, контролира голем дел од унгарскиот пазар на печатени медиуми, вклучувајќи ги и дневните весници Vilaggazdasag и Nemzeti Sport. Минатата година, таа стекна 27,7 проценти удел во Nepszabadsag, тогаш во сопственост на фондација основана од Социјалистичката партија, најголемата левичарска опозициска група во земјата. Минатата недела, компанијата објави дека купила регионални весници во 12 земји.

Левичарската партија Together рече дека Орбан го суспендирал весникот бидејќи истражувачкото новинарство му стоело на патот.

„Со овој чекор, борбата на режимот на Орбан против слободата на печатот го достигна својот врв,“ рече претседавачот на Together Виктор Сигетвари.

Nepszabadsag, основан во 1956 година и под контрола на владејачката комунистичка партија на Унгарија до 1989 година, има тираж од околу 40.000, во споредба со 115.000 во 2008 година и 270.000 во 1995 година.

 Извештајот го подготви Андрас Наги

Останати
објави

Сподели на...