За безбедноста на новинарите

Датум

Прашањето за безбедноста на новинарите не е само прашање на бројки на повредени, уапсени или загрозени новинари. Тоа е прашање за условите, факторите и одговорните кои доведоа до тоа новинарите да бидат цел на напади, физички и вербално, да работат во услови на страв и закани,  да бидат изложени на цензура, да применуваат автоцензура. Комплетно професионално и морално да бидат уништени.

Денес на Денот на слободата на медиумите што Македонија го дочекува последна во регионот според индексот на Репортери без граници и како земја во која нема слобода на медиуми немаме право да зборуваме во флоскули.

На новинарите никогаш не им било лесно во Македонија, но формално војната против професионалните критички новинари ја прогласи Никола Груевски во својство на премиер 2008 година кога во интервју обвини група колеги, дописници од Брисел дека се грчки платеници и дека шират дезинформации.

Тоа интервју може да се смета за почеток на пресметката на Груевски со сите кои критички ги опсервираат политичките, економските и општествените состојби во земјата нивно заплашување, затворање на медиуми и она што е најважно, таму каде што тоа беше можно корпумирање , а таму каде што не беше можно отпуштање и полнење на редакциите со послушници и пропагандисти.  Тоа е почетокот, но неброени се сите сите фази од таа војна против новинарството која се одвива сиве овие години. Затворање на медиуми, отпуштање, заплашување…

Крајот или кулминацијата на таа политика се настаните во Собранието на 27 април кога нашите колеги беа предмет на напади, вербални и физички, на закани и забрани да снимаат за да не регистрираат дивеење на толпа насилници.

Она што се случи во Собранието е кулминација на медиумската политика на ВМРО ДПМНЕ која можеме да ја сведеме на два збора – корумпирај или уништи. Доколку таа политика продолжи таа нема да се смири додека не ги уништи можеби и физички сите критички гласови во земјава.

Според ССНМ предуслови без кои секаков обид да се адресира проблемот со безбедноста на новинарите, со слободата на професијата не е можен

  • Мора да престане состојбата на неказнивост за напад врз новинарските екипи. ССНМ предлага во Кривичниот закон да се воведе посебна санкција за нашпад на нпвинарски екипи на работа и таа казна да биде еднаква како напад на службено лице . Со тоа не ги изнедначувам службените лица со новинарите, туку казната ја изедначувам.
  • Истовремено, настаните во Собрание мораат да имаат законска разрешница. Новинарите кои беа удирани, пцуени, влечени, на кои им се уништи опремата мора да бидат компенизирани со тоа што виновниците ќе бидат казнети, а тие ќе бидат обештетени. Ова како почеток а не како изолиран случај. Од сега натаму не смее да има неказнивост и насилие кое толку пати го сведочевме кон новинарските екипи. Не смее никој да одзема снимени матерјали, да забранува снимање на јавни настани.
  • Јавните личности, особено функционери мора да бидат предмет на критика и санкција доколку промовираат говор на омраза и поттикнување на насилство. Слободата на говорот не подразбира закана за слободата на другиот.
  • Условите во редакциите мора да се променат. Не смее да има забрана за синдикално, колективна заштита.
  • Мора да се создадат услови за колективно преговарање и социјален дијалог и договор кој ќе овозможи медиумите лесно да бидат продадени окупирани девастирани и затворени. Новинарите и медиумските работници кои се носители на основната дејаност на медиумот не смеат д абидат последни кои дознаваат што се случува со нивната фирма.
  • Уредниците особено главните и одговорни уредници мора да ги вратиме во редакциите. Нивната успешност да ја мери јавноста и новинарите, а не моќници по партиски кабинети.

Останати
објави

Сподели на...