Рој Гринслејд
Пред неколку месеци, Францис Раферти напиша: „Новинарската индустрија е во криза… Одговорот на сопствениците на весници е во намалување на персоналот и трошоците често по цена на инвестирањето во квалитетно новинарство.“
Нормално би помислиле дека е нормално Раферти, како офицер за комуникации на Националниот синдикат на новинари, да го каже токму тоа.
Секако, но тоа не значи дека нејзината анализа, и нејзината загриженост за новинарството, е погрешна. И актуелната ситуација во северно лондонскиот оддел на Newsquest/Gannett, каде се случува вториот ден од еднонеделниот штрајк наНУЈ, ја илустрира нејзината поента.
Никој не може да одрече дека новинарскиот бизнис – како бизнис – е во тесно. Никој разумен не може да одрече дека мерките за заштеда на издавачите се неопходни.
Но поентата која упорно сакам да ја докажам е дека кратењето на оние кои се занимаваат директно со новинарство, новинарите, е контрапродуктивно. Не велам дека не треба да има кратења на персоналот во редакцијата. Она за што сум загрижен е сè поголемиот број на оние кои се принудени да си замнат.
Издавачите даваат откази во корист на крајната поента, но без да го земат предвид квалитативниот ефект врз продукцијата на нивниот весник.
Слично, загрижен сум и од фактот што „преживеаните“ не добиваат разумна плата и работат во лоши услови. Тоа го прави новинарството сè понепривлечна индустрија, особено на локално ниво.
Состојбата во Newsquest го илустрира страдањето на новинарите. 11 работни места се укинуваат во неговите севернолондонски весници каде 27 од 29 работници се известени дека се технолошки вишок.
Во такви околности, овој штрајк секако вреди да се поддржи. Не се работи само за спас на работните места, туки за спас на новинарството. Се работи за зачувување на ликот на новинарството за луѓето кои и понатаму читаат весници, независно дали печатени или интернет изданија, во Кројдон, Ричмонд, Сатон. Вандсворт, Бромли, Дартфорд, Гринич и местата измеѓу.
НУЈ стави на маса барање за покачување на платите бидејќи на повеќето од нејзините новинари платите не им се покачени, ако ви се верува, од 2008 година.
Пакетот вклучува основни 1,5% покачување за животни трошоци со почетна плата од 17.500 фунти, заедно со 1% зголемување на пензиските придонеси на копанијата. Еден известувач кој зема 20.000 фунти може да добие покачување од 1.500 или 7.6%.
Размислете малки за бројкиве. Тие покажуваат колку малку во моментов е платен персоналот на Newsquest. Не е ни чуде штрајкот доби таква поддршка, како што извести HoldTheFrontPage.
Упатувам на она што портпаролот на Newsquest го кажа во одбрана на „потребата да се преиспитаат трошоците“ и „непосакуваното… реструктурирање кое става голем број улоги во ризик од технолошки вишок“ за да се обезбеди дека бизнисот има „кредибилна иднина.“
Тука, секако, лежи проблемот. Постои разлика помеѓу кредибилната иднина на „бизнисот“ и кредибилната историја на новинарството.
Признавам дека обете, од историска гледна точка, одат рака под рака. Она што треба да го истражиме е иднина во која новинарството, главната причина за постоењето на весниците, може да се зачува и кога ќе ги снема старoмодните бизнис интереси.