Известувач на германскиот Die Welt уапсен во Турција

Датум

На 27 февруари, турските власти уапсија известувач од германскиот весник Die Welt под обвинение за „пропаганда за поддршка на терористичка организација“ и „поттикнување на јавноста на насилство.“

Дениз Јуџел, со турско и германско државјанство, првично беше приведен од полицијата на 14 февруари.
Во текот на четиричасовното испрашување во судот во Истанбул, Јуџел рече „Ја сакам мојата земја и покрај нејзините мани и недостатоци.“

„Никогаш не сум бил член на никаква [криминална] организација. Единствената организација на која сум член е германскиот новинарски синдикат. Моите коментари се темелеа на основните човекови права и слободи во согласност со универзалните новинарски начела,“ рече Јуџел во своето сведочење.

Дениз Јуџел, со турско и германско државјанство, првично беше приведен од полицијата на 14 февруари

„Во мојата работа не примам наредби од никого, ниту од државата ниту од мојот шеф. Работам професионално и совесно,“додаде тој.

Потенцирајќи дека неговото интервју со прогонетиот претставник на Курдистанска работничка партија (ПКК)  Џемил Бајик било „новинарска активност“, Јуџел забележа дека тој пишувал и статии во кои ја критикувал отпадничката група.

Меѓутоа, судот предуси дека Јуџел ја претставил ПКК во интервјуто како „легитимна структура“, тврдејќи дека во статијата од 26 септември 2016 година ги поттикнал турските и куртските граѓани на насилство.

Судот исто така упати на текстовите на Јуџел за неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година, тврдејќи дека пропагирал за Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), за која се верува дека стоеле зад обидот за пуч.

Судот нареди Јуџел да биде уапсен, со образложение дека одредбите за судска контрола не се применливи.

Во текот на сослушувањето, Генералниот конзул на Германија во Истанбул Георг Биргелен, роднините на Јуџел и законодавците од главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) чекаа во судот.

Претставниците од ЦХП во Истанбул, Сезгин Танрикулу, Махмут Танал и Бариш Јаркадаш ја осудија одлуката за апсење, изјавувајќи дека Јуџел е упасен поради вршење „новинарска работа“,

„Уште еден новинар е уапсен поради неговите ставови. Обвиненитето против Дениз се состои само од неговите текстви, твитот кој го објавил и анегдотата која ја раскажал. Ако ги погледнете статиите, Дениз немал намера да фали терористичка организација или да поттикне насилство“, им рече Аркадаш на новинарите на 27 февруари.
Танрикулу го опиша апсењето како „порака до сите странски весници во Турција.“

Танал рече дека одлуката „не е законска“.

„Ова апсење го загрозува правото на слобода на изразување и правото на информираност. Одлуката не е законска, таа е во селост политичка,“ рече тој.

Германската влада исто така го коментираше апсењето. Германската Канцеларка Ангела Меркел го критикуваше потегот како „огорчен и разочарувачки“, и го опиша како “непропроционален“.

Германската влада очекува турското судство, во своето постапување по предметот на Јуџел, да ги земе предвид високите вредности на слободата на печатот за секое демократско општество. Ќе продолжиме да инсистираме на фер и законски третман на Дениз Јуџел и се надеваме дека наското ќе биде ослободен“, рече Меркел во својата изјава.

Германскиот министер за надворешни работи Сигмар Габриел беше дури построг во неговата оценка за предметот, велејќи дека јасно ја покажува разликата помеѓу двете земји во однос на тоа колку се цени слободат ана печатот и слободата на мислењето

Останати
објави

Сподели на...