ИПИ јавува дека контактот преку вообичаените методи – по телефон или е-мејл – ќе биде и понатаму можен, но новата платформа нуди сигурен контакт и можност за пријавување на кршење на медиумските слободи без страв од следење или откривање на идентитетот.
Се работи за Tor пребарувач, кој го сокрива идентитетот, адресата и пораката кои се испратени до ИПИ. Водичот за воспоставување сигурен и анонимен контакт ќе го најдете на интернет страницата на институтот. Неговиот координатор на дигитални медиуми Javier Luque ја опишува новата плаформа како одговор на трендот на зголемено следење на интернет, што доведува до автоцензура при известувањето за кршењето на медиумските слободи.
„Во време на пораст на надзорот и хакерските напади, важно е новинарите да можат да пријават напади, закани и насилство насочено кон нив без страв од одмазда од државата или други недржавни елементи“, рече Javier Luque.
„Нашиот сигурен начин на воспоставување на контакт се темели на технологијата развиена за свиркачите и го штите идентитетот, локацијата и пораката од трети страни, што им овозможува на новинарите и сите други да нè контактираат на сигурен начин“.
Извор: ИПИ