Меѓународната и Европската федерација на новинари, (ИФЈ) и (ЕФЈ), на 27мај поднесоа известување до Платформата за заштита на новинарството на Советот на Европа во кое ја осудија предлог-законската измена на италијанскиот кривичен законик со која се зголемуваат казните за оние обвинети за клевета на членови на политичката елита. ИФЈ, ЕФЈ и нивниот италијански член, Синдикатот на новинари на Италија (FNSI), ги повикуваат италијанските власти да ја декриминализираат клеветата.
На 3 мај 2016 година, комисија на италијанскиот Сенат едногласно го изгласа нацрт-амандманот на Кривичниот законик со кој се зголемуваат казните за оние обвинети за клевета на членови на политичката класа, судството и јавната администрација. Нацрт-законот наскоро ќе биде поднесен со Сенатот на усвојување. Конкретно, текстот предвидува зголемување на максималната казна од 6 на 9 години затвор, доколку клеветата се однесува на политичар, судија или јавен службеник.
Предлог-законот беше осуден од Италијанската организација на новинари, Италијанскиот синдикат на новинари (FNSI) и невладината Ossigeno per l’Informazione, кои потсетуваат на друг предлог-закон воведен во 2012 година кој предлагаше целосна декриминализација на клеветата.
ИФЈ и ЕФЈ цврсто стојат на начелото, воспоставено во одлуките на Европскиот суд за човекови права, дека носителите на високи државни функции не треба да уживаат дополнителна заштита во законот туку напротив треба да бидат подготвени да прифатат повисокот ниво на критика од другите.