ИФЈ:Мора да има колективно преговарање за сите новинари

Датум

Светски ден на пристојна работа:Најдобра инвестиција за новинарите е да се приклучат на синдикат

Колективното преговарање е најдобрата алатка на новинарите да обезбедат правичност на работното место, да ја намалат нееднаквоста и да ги подобрат платите и условите за работа.

За да го одбележи Светскиот ден на пристојна работа на 7 октомври, Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) ги слави достигнувањата на колективното преговарање за новинарите во целиот свет.

Резултатите од една од анкетите неодамна спроведени од ИФЈ покажуваат дека колективното преговарање ги подобрува платите, работните услови, сигурноста на работата и им дава на новинарите, независно дали вработени или фриленсери, глас на работното место.

Помеѓу победите подвлечени во анкетата се историскиот национален колективен договор во Палестина – прв од таков вид во арапскиот свет – со кој се гарантите здравјето и безбедноста на новинарите и дополнителни плаќања за прекувремена работа и трошоци. Италијанската, германската и австриската подружница на ИФЈ усвоија колективни договори кои помогнаа во обезбедувањето на подобри услови за самовработените или фриленсерите. Во Гана, новиот колективен договор во Times News Corporation пропишува бонуси согласно стажот, годишни покачувања на платата и додатоци за облека и домување. Во Непал, синдикалното делување обезбеди зголемување на основната плата. Во Чиле, синдикатите на некои од најзначајните весници во земјата договорија бонус за повторно користење на нивната работа во други медиуми.

Федерацијата потсетува дека слободата на здружувањето и правото на колективно преговарање се основни права признаени од Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот кои не смеат да бидат прекршени од националните влади или медиумските компании. Таа инсистира дека новинарите мора да бидат слободни да се приклучат на синдикат по нивен избор без страв од дискриминација. Анкетата на ИФЈ покажа дека во некои земји иако правото е интегрирано во законите, во пракса тоа не се остварува.

Ги повикуваме новинарите во светот да се обединат во заштита на правичните услови за работи за сите. Ги повикуваме работодавците и владите да ги почитуваат правата на слобода на здружување и колективно преговарање. Најдобра инвестиција за новинарите е да се приклучат на синдикат

„Нашата порака оваа година во знак на Светскиот ден на пристојна работа е дека независно дали во новите или традиционалните, конвенционалните или алтернативните, јавните или приватните медиуми, независно дали за вработените или фриленсерите, помладите или постарите, мажите или жените, синдикалното делување, колективното преговарање и настапувањето заедно прават разлика,“ рече Генералниот секретар на ИФЈ, Ентони Белангер. „Ги повикуваме новинарите во светот да се обединат во заштита на правичните услови за работи за сите. Ги повикуваме работодавците и владите да ги почитуваат правата на слобода на здружување и колективно преговарање. Најдобра инвестиција за новинарите е да се приклучат на синдикат.“

Останати
објави

Сподели на...