ИФЈ и ЕФЈ бараат реакција на ЕУ во Турција

Датум

Меѓународната и Европската федерација на новинари (ИФЈ и ЕФЈ), заедно со нивниот партнер – Синдикатот на новинари на Турција (TGS), денес побараа од лидерите на Европската унија да реагираат на медиумската опресија наметната од турските власти. Брифингот за новинари, кој го организираа двете федерации во Press Club во Брисел, следува откаку турските власти ја презедоа контролата врз еден од водечките турски весници „Заман“ на 4 март во Истанбул, и на неа присуствуваа двајца од водечките новинари на весникот.

Говорници на денешниот брифинг за новинари со наслов „Кога е самитот на ЕУ – Турција за слободно новинарство?“ беа Севги Аркаџесме, уредник на весникот “Today’s Zaman“, Селчук Ѓултасли, шеф на бирото на „Заман“ во Брисел и Оливер Мони-Кајрл, Помошник генерален секретар на Меѓународната федерација на новинари.

Севги Аркаџесме, уредник на “Today’s Zaman“, бил сведок на заземањето “Today’s Zaman“во Истанбул и рече дека новинарите немаат повеќе никакво право на весникот. „Тоа беше трауматско искуство. Турција е во моментов пекол за новинари.“

Таа опиша како турскиот народ живее во темница. „Поради молкот на турските медиуми, светот подобро знае што се случува во Турција отколку турскиот народ. Повеќето од луѓето не се свесни за медиумската опресија.“

Селчук Ѓултасли, шеф на бирото на „Заман“ во Брисел, рече дека е разочаран од реакцијата на ЕУ. „ЕУ никогаш не била толку безнадежна како со Турција.“

ИФЈ и ЕФЈ жестоко го осудија политичкото заземање на „Заман“ и нападот врз слободата на печатот.

Оливер Мони-Кајрл, Помошник генерален секретар на Меѓународната федерација на новинари, рече дека „ЕУ не смее да ги загрозува основните човекови права само поради бегалската криза. Конкретниот план на дејствување на лидерите на ЕУ кои преговараат со турските власти треба да започне со ослободување на затворените новинари, запирање на заземањето на медиумската групација „Заман“, запирање со погонот и опресијата врз медиумските работници и почитување на основните стандарди за фер, балансирано и независно известување.“

Останати
објави

Сподели на...