Речиси секоја втора новинарка била жртва на сексуално вознемирување, психолошко малтретирање, онлајн тролање и други форми на насилство врз основа на пол на работното место.
Огромни 85 проценти велат дека не биле преземни никакви мерки против сторителите или пак истите биле несоодветни, а повеќето работни места немаат пишан протокол за справување со таквото малтретирање или механизми за известување за истото.
Оваа запрепастувачка статистика е откриена во резултатие на анкетата објавена денес од страна на Меѓународната федерација на новинари, најголемата новинарска организација во светот.
Анкетата на речиси 400 новинарки во 50 земји – објавена во пресрет на Денот на ОН за спречување на насилство врз жените – открива дека:
- 48%биле жртви на насилство врз основа на пол на работното место
- 44%биле жртви на онлајн малтретирање
- Меѓу најчестите форми на насилство врз жените врз основа на пол се вербалното малтретирање (63%), психолошкото малтретирање (41%), сексуалното вознемирување (37%) и економското малтретирање (21%). Речиси 11%биле жртви на физичко насилство.
- 45%од сторителите биле луѓе надвор од работното место – извори, политичари, читатели или слушатели. 38% биле шефови или претпоставени.
- 39%од жртвите на насилство биле жртви на анонимни сторители.
- Две третини (15%) не го пријавиле насилството.
- Од оние кои го пријавиле, 8%не веруваат дека соодветни мерки биле преземени во сите случаи против сторителит. Само 12.3% биле задоволни со исходот.
- Само 26%од работните места имале политика за справување со насилство врз основа на пол и сексуално вознемирување.
Копретседателот на Советот за родова рамноправност на ИФЈ Минди Ран изјави: „Жените новинари од 50 земји ја раскажуваат истата приказна – насилството врз основа на пол на работното место е широкораспространето и речиси во секој случај или не се преземаа мерки, или тие се несоодветни. Потребни ни се итни мерки за сторителите да се донесат пред лицето на правдата и да се охрабрат жените новинари да пријавуваат такво насилство“.
Генералниот секретар на ИФЈ Антони Беланџер изјави: „Итно се потребни колективни договори на работното место, сеопфатни процедури за известување и мерки против сторителите за справување со стравичното насилство врз основа на пол на работното место. За ИФЈ и нејзините членки, справувањето со насилството и злоуптребата на кои се изложени жените новинари секој ден на секој континент ќе биде главен приоритет“.
„Фактот што жените се чувствуваат слободни да проговорат за злоупотребите на кои се жртви треба да поттикне воведување и примена на правила за запирање на насилството и вознемирувањето врз основа на пол. Исто така, онаму каде еднакви плати се гарантирани со колективни договори, треба да се активита и политика на еднаквост за промовирање без вознемирување со цел да се надмине економското насилво врз жените новинари“ додаде Претседателот на ИФЈ, Филип Лерут.
ИФЈ веќе ги поддржува чекорите за усвојување на Конвенцијата на ИЛО за насилство врз основа на пол на работното место. Резултатите од втората анкета за синдикални мерки против насилството врз основа на пол на работното место ќе бидат објавени подоцна годинава.