Како да решите дали да објавите експлицитни фотографии и видеа

Сликите и видеата можат да бидат моќни алатки за опис на екстремно тешки теми. И дигиталните камери, паметните телефони и новите алатки за раскажување приказни го прават споделувањето на слики многу лесно. Сепак, многу од тие слики може да бидат експлицитни или грозни.

Еве неколку прашања кои ќе ви помогнат да одлучите што, каде и дали да објавите или споделите експлицитни фотографии и видеа.

  • Која е новинарската цел за објавувањето на експлицитната содржина? Дали прикажувањето на таквиот материјал ја појаснува сторијата или го подобрува разбирањето на публиката? Дали се работи за прашање од големо значење за јавноста, како што е јавна политика, придобивка на заедницата или општествено значајно прашање?
  • Дали е користењето на експлицитниот материјал единствен начин да се раскаже приказната? Кои се алтернативите?
  • Доколку од вас се побара да ја одбраните одлуката пред вашата публика или засегнатите страни во сторијата, како ќе ја оправдате? Дали сте подготвени да дадете јавно образложение. Доколку не, зошто?
  • Кога е сторијата доволно важна за да се оправда користењето на експлицитен материјал? Како ќе се користи материјалот подоцна? Ќе има ли временски период по кој тој веќе нема да се објавува?
  • Дали имате насоки или дискусии за тоа како да се користи експлицитен материјал во најави и објави на социјалните медиуми?
  • Кога е потребно предупредување за публиката дека материјалот е експлицитен? Колку детали треба да содржи предупредувањето?
  • Во кои околности ваша организација прикажува тела на жртви од незгода или злосторство? Колку експлицитни детали се потребни за да се долови новинскиот аспект на приказната? Кога ја преминувате линијата со цел да ја задоволите жедта на публиката за шокантни детали?
  • Како точно ќе ја пренесете приказната без да ги загрозите правата и приватноста на жртвата или незиното семејство?
  • Дали сликите кои ги користите креираат слика дека одредена област е насилна или небезбедна?
  • Пред да донесете одлука, дали можете да продискутирате за позитивните и негативните аспекти со разновидна група во вашата организација? Дали би вклучиле лица кои не се новинари во таа дискусија, бидејќи тие се порепрезентативни на вашата публика? Дали би повикале и други кои би можеле да ви дадат гледиште на аутсајдер – можеби експерт за медиумска етика кој може да помогне со точките на дискусија?
  • Кога покривате настани во живо кои би можеле лесно да станат експлицитни, дали ги преземате сите мерки на претпазливост за да спречите објавување на несоодветни слики и звуци? Дали е некој друг достапен да соработува во одлуката како и кога да се емитуваат слики? Дали сте размислиле да поставите теренска екипа која ќе покрива поширока површина при емитување во живо?

Дискутирањето за овие прашања однапред ќе ви помогне да развиете процес на носење етички одлуки – пред  да бидете соочени со носење тешки одлуки во последен момент.

Comments

Leave a Reply

XHTML: You can use these tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>