Како да се препознаваат лажни вести?

Новите генерација израснаа со интернетот на начин кој за многумина од нас е непознат – интернетот е во нивните животи од самиот почеток и тие не морале да го совласуваат како постарите генрации. Но, и покрај тоа, истражувањата покажуваат дека дигиталните генерации не се многу подобри од останатите во разликувањето на вистината и фикцијата на интернет.

Дали младите можат да препознаат реклама маскирана како текст?

Дали можат да ја проверат автентичноста на сликите објавени на Facebook?

Дали знаат да ги проверат изворите на скландалозни тврдења кои ги читаат во насловите на популарни вести?

Ги проверуваат ли информациите пред да ги споделат на своите канали?

Истражувањето научниците од Универзитетот Станфорд кое го спроведоа помеѓу американските средношколци покажува дека одговорот на секое од овие прашањае „не“, а немаме причина да веруваме ни дека состојбата е многу подобра во земјите од нашиот регион.

Феномените лажни вести и „пост-вистини“, кои ја одбележаа изминатата година, како и растечкиот број на сатирични и измислени текстови кои се дизајнирани да изгледаат како редовни вести, ја вратија во фокус важноста на медиумската писменост, како најдобро оружје кое го имаме на располагање во борбата против ширењето и подложноста на лажни содржини на интернет.

Истражувањата покажуваат дека изложеноста на тренинзи од областа на медиумската писменост ја намалува можноста за верување во неточни информации дури и кога тие се поклопуваат со политичките ставови на поединецот.

Но, дури и кога ќе го занемариме фактот дека младите од регионот на бивша Југославија се некои од најпознатите производители на лажни вести на планетата, состојбата со медиумската писменост во нашиот регион не е сјајна. Неодамнешно истражување спроведено во европските земји покажува дека невладите организации и неформалните едукативни програми се водечките актери на полето на развојот на медиумската писменост, како и дека официјалните образовни програми и понатаму каскаат зад потребите на функционирањето на модерното медиумско опкружување.

Додека ги чекаме реформите на образовните системи и ажурирањето на програмите, како конкретно да им се укаже на младите да бидат внимателни при консумирањето на медиумските содржини? Кои алатки да се им се препорачаат да едноставна проверка  на автентичноста на содржината и вистинитоста на информациите? Како да препознаат лажни вести и да размислат пред да ги споделат на своите профили?

Критичкото размислување и препознавањето на слоевите на медиумската содржина се во основите на медиумската писменост. Но, како во пракса да се научат младите да препознаваат лажни содржини пласирани на интернет?

Здруженијата ГОНГ и Курзив од Хрватска веќе долг низ години се занимаваат со организација на активности чија цел е развој на медиумската писменост, и на почетокот од годинава стекнатото искуство одлучија да го обединат во прирачник под наслов „Да читаме помеѓу редови“, кој на едукаторите им нуди низа конкретни вежби и задачи кои можат да ги употребат во работата со младите.

Лажните вести често доаѓаат од портали кои имаат чудни URL адреси и користат многу големи букви и зборови како „скандалозно“, „шокантно“ и „неверојатно“ во насловите, но понекогаш и се дизајнирани да изгледаат како редовни вести на медиумски организации и тогаш е потребна поголема претпазливост.

Да се провери дали веста е пренесена од веродостојни медиумски организации, кој е сопственик на сајтот од која доаѓа веста, дали веста се наоѓа во интернет базата на урбани легенди/докажано лажни вести, и дали „шокантната“ слика навистина го прикажува она што го прикажува, се чекори на проверка кои можат едноставно да се спроведат благодарение на бесплатните интернет алатки.

Сепак, алатки има многу, а процесите на верификација на интернет содржината често се тешки и долготрајни, поради што проверката на информациите претставува предизвик и за професионалците и може да звучи како преголем залак за просечниот корисник на социјалните мрежи.

Покрај генералната претпазливост и долготрајниот развој на критичкото мислење, на едукаторите им се препорачува да се повикаат на природната аверзија на тинејџерите кон авторитетот („Ќе ми верувате мене или ќе размислувате со своја глава?“) и да им укажат на учениците на оваа едноставна насока:

„Не морате да ја проверите секоја информација, само онаа на која имате намера да реагирате – да гласате или протестирате врз основа на информацијата, да ја споделите на мрежите, да повикате други на акција. Тогаш би требало да знаете за што зборувате“.

Извор

Comments

Leave a Reply

XHTML: You can use these tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>