Како ЛинкдИн стана најдобра опција за новинарите по влезот на Маск во Твитер

Датум

Пред една година, кога сакав сериозно да разговарам со некои новинари дека ЛинкдИн (LinkedIn) е одлична мрежа за новинарство, најчесто ми се смееја. Платформата важеше за премногу убаво место, со малку скандали, со релативно бавно темпо за иновации на производи и, речиси, досадно место за новинарите.

Прескокнете 12 месеци напред и ЛинкдИн е сериозен кандидат за преземање на позицијата на Твитер во животот на многу новинари на глобално ниво.

Во „Извештајот за новинарство, медиуми и технологија за трендови и предвидувања“ на Институтот Ројтерс за 2023 година, ЛинкдИн се покажа како најпопуларна алтернатива според медиумските лидери од 53 земји, далеку пред која било друга мрежа како можна опција.

И не само на Твитер. Некои истражувања сугерираат на корисниците кои минуваат доволно време на ЛинкдИн, да го сметаат и како замена на Фејсбук. И покрај неговиот бавен развој на производи, сега се смета и за прилично остварлива платформа за брзорастечки билтен.

Што се случи? – Како ЛинкдИн се претвори во извонредна алтернатива, па многумина тврдат дека социјалното вмрежување стана покорисно искуство.

Патот на ЛинкдИн до големите лиги

ЛинкдИн тврди дека има 875 милиони „членови“, но не објавува увид во податоците за активните месечни корисници (MAU) за кои можеме со разумна сигурност да кажеме дека се помалку од 875 милиони.

Забелешка: Повеќето редакции во денешно време го користат терминот „член“ за да укажат на активно вклучување, било со финансиска поддршка или со други средства. Овде терминот се користи многу послободно за да означи секој што регистрирал налог и можеби го заборавил пред многу години и никогаш повеќе не го допрел.

Според истражувањето на „Статиста“ (Statista), речиси 50 отсто од нивните корисници на апликации во САД го користеле ЛинкдИн најмалку еднаш месечно, а некои пресметале дека до крајот на 2022 година платформата имала 310 милиони активни месечни корисници.

Колку за споредба, дневното активно користење на Твитер во вториот квартал во 2022 година беше 237,8 милиони, а во декември објави дека има преку 368 милиони активни месечни корисници ширум светот.

ЛинкдИн започна порано (2003 година) од Twitter (2006 година) и, веројатно поради ознаката како „професионална мрежа“, секогаш заостануваше малку во однос на растот и иновациите на платформата.

Во декември во 2016 година, „Мајкрософт“ го заврши купувањето на ЛинкдИн, што тогашниот аналитичар Бен Томпсон од „Стратечери“ (Stratechery) го нарече неочекувано и објасни дека компанијата, преку ЛинкдИн, може да воспостави директна врска со своите крајни корисници.

https://thefix.media/2023/1/20/how-linkedin-became-the-next-best-option-for-journalists-and-media-leaders-after-musk-took-over-twitter

Останати
објави

Сподели на...