Коалиција за одбрана на медиумските слободи

Датум

Коалиција на новинарски организации, организации кои се занимаваат со слободата на медиумите и меѓувладини институции се собраа во Брисел на иницијатива на Харлем Дезир, новоименуваниот претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите и Европската федерација на новинари (ЕФЈ) за да разговараат за потешкотиите и новите идеи за соработка во областа на заштитата на медиумските слободи во Европа.
Станува збор за организациите Access Now, Article 19, Здружението на европски новинари, Европската феерација на новинари, Европски дигитални права, IFEX, Меѓународната федерација на новинари, Индекс за цензура, Меѓународниот институт за безбедност на вестите, Меѓународниот институт за печат, PEN International, Репортери без граници и Давид Каје, специјален претставник на ОН за промоција и заштита на правото на слободно мислење и изразување.
Отворајќи ја дискусијата,, Харлем Дезир ја потенцираше својата предаденост на работата со новинарите организации и групите кои се занимаваат со слободата на медиумите за да се одбранат сè позагрозените слободи на медиумите во 57 земји во кои делува ОБСЕ.
Тој ги истакна приоритетите на работата, вклучувајќи ја и сигурноста на новинарите, борбата против неказнувањето на нападите врз нив, вклучувајќи ги и антипропагандата, дезинформациите и лажните информации, противтерористичките мерки, слободата на изразување, медиумскиот плурализам и законодавството.
Рикардо Гутиерез, главен секретар на ЕФЈ, рече дека сме „соочени со зголемен број напади врз новинари и прекарна ситуација во која се наоѓа професијата, и дека сега е уште поважно медиумските организации и НВО-и да изградат јака коалиција која ќе се спротивстави на непријателите на слободата на медиумите“.
Гутиерез ја истакна медиумската ситуација во Турција каде 157 новинари се уапсени, вклучувајќи го и францускиот новинар Луп Буро.
Случајот со уапсениот новинар Хамзе Јалчин во Шпанија, нарушувањето на медиумските слободи во Украина, Полска, Русија, постојано напнатата ситуација во Франција и Турција, репресијата против медиумите во Азербејџан, новите закони за следење во Франција, Велика Британија и Германија, дигиталната сигурност и улогата на јавните и приватните медиуми – се темите на кои дискутираа претставниците на граѓанското општество и Харлем Дезир.
На конференцијата е заклучено дека постои расчекор при имплементацијата на политиката за поттикнување на медиумскит слободи во државите во кои делува ОБСЕ и политичката воља да се поправи ситуацијата. Соочени со тој предизвик, организациите се фокусираа на дискусијата за изнаоѓање нови начини на соработка со широк круг на заинтересирани страни, вклучувајќи ги и медиумските организации, групи кои се занимаваат со медиумската слобода, јавноста, меѓувладините организации, европските институции и технолошките компании.
Потребен е посилен ангажман за повторно да се воспостави довербата во медиумите, особено кај јавноста, истакна тој.
Состанокот заврши оптимистично поради подготвеноста за идна соработка на сите организации кои учествуваа.
Извор: ЕФЈ

Останати
објави

Сподели на...