Кога атипичното работење станува типично

Датум

Пазарот на трудот се менува, а со него треба и политиките

mogensМогенс Бјергард

Сè повеќе и повеќе работници стануваат фриленсери, самовработени или се гледаат себе си како микро-компании. Очајно е потребно ново законодавство за да го рефлектира овој растечки сегмент на пазарот на трудот.

Европските работници во медиумската индустрија направија значаен чекор напред ставајќи го ова прашање на агендата, кога повеќе од 100 претставници на оваа сè поголема група работници и нивните синдикати се сретнаа на финална конференција на почетокот од септември, на која членовите на Европскиот парламент и креаторите на политики на ЕУ разговараа за иднината на работата во медиумскиот, уметничкиот и забавниот сектор.

Да се преземе контролата врз атипичното работење од органите за заштита на конкуренција

Една од најважните пораки од конференцијата беше дека треба да се преземе контролата врз атипичното работење од органите за заштита на конкуренција кои го поткопуваат колективното преговарање за овие работници. Тешко е да се одбрани ставот дека големите медиумски компании или другите големи индустрии треба да се заштитат од фриленсерите на кои им е забрането да преговараат преку синдикатите. Често фриленсерите треба сами да преговараат за нивните договори и услови за работа. Тоа никогаш не може да биде балансирано преговарање и затоа треба да се промени.

Често фриленсерите треба сами да преговараат за нивните договори и услови за работа. Тоа никогаш не може да биде балансирано преговарање и затоа треба да се промени.

Член 12 од Европската повелба за фундаменталну права јасно вели:

Секој има право на слобода на мирно собирање и на слобода на здружување на сите нивоа, особено за политички, синдикални и граѓански прашања, што го подразбира правото на секој да формира и да се приклучи на синдикати заради заштита на неговите или нејзините интереси.

Член 28 го истакнува правото на колективно преговарање кое треба да ги вклучува сите работници:

Работниците и работодавците, или нивните соодветни организации, имаат, во согласност со правото на Заедницата и националните закони и практики, право да преговараат и склучуваат колективни договори на соодветните нивоа и, во случаи на конфликти на интереси, да преземат колективни мерки за заштита на нивните интереси, вклучувајќи штрајк.

Дефиниција на атипични работници

Забележете го изборот на зборови: работници, не само вработени. На конференцијата за атипичното работење се дадоа неколку забелешки за тоа како да се дефинираат атипичните работници. Оттука, втората важна порака во текот на конференцијата беше да ја промениме нашата реторика и да не зборуваме повеќе за вработени, туку за работници. Ние треба да ги поттикнеме владите, пратениците и државните службеници да ја усвојат оваа терминологија, и покрај нивната неволност да прифатат дека карактерот на пазарот на трудот се менува.

Третата порака до ЕУ беше да се обезбеди законска заштита за фриленсерите и да се побара од земјите членки да им обезбедат на атипичните работници социјално осигурување на истиот начин како на вработените.

Во текот на изминатите две децении, ЕУ изготви, усвои и спроведе две многу важни директиви за вработените на половина работно време и вработените со договор на дело. Обете директиви имаат исклучително важно влијание врз нашите колективни договори бидеќи на вработените на половина работно време и договор на дело им се даваат исти социјални права како и на нивните колеги. Тоа беше и порака до синдикатите кои беа против половина работно време и ги потткнуваат сите да работат со полно работно време.

Сите треба да разбереме дека флексибилноста во нашето општество не е нешто што само работодавците го посакуваат, туки и нашите членови. Навистина, многу од нашите членови се принудени да бидат фриленсери бидејќи тоа им е единствена можност за работа, но сепак сè повеќе новинари, уметници, креативни работници избираат атипично работење поради флексибилноста.

Законско регулирање на атипичното работење

Оттаму, време е да се комплетираат двете директиви за работа со половина време и работа со договор на дело со нова која ќе се однесува на фриленсерите или атишичните работници. Таквата директива треба да го содржи следното:

  1. Регулатива кога ќе обезбеди правични договори
  2. Нова дефиниција на работниците, вклучувајќи ги сите вработени и атипичните работници
  3. Право на сите работници да бидат синдикализирани
  4. Законодавство на пазарот на трудот во врска со атипичното работење треба да го донесат пратениците, а не органите за зашита од конкуренција
  5. Право на синдикално застапување секаде и секогаш
  6. Воведување колективно преговарање и колективни договори за атипични работници во сите ЕУ земји.

Пазарот на трудот се менува, а со него треба и политиките.

Останати
објави

Сподели на...