• ++389 2 2671 201
  • ssnm.info@gmail.com
  • Бул. Климент Охридски 58б 2/3, 1000 Скопје

Конкурс на ССНМ за авторски текст

Фото: Роберт Атанасовски

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) отвора конкурс за авторски текст на тема „Работни права во регионалните и локалните медиуми“ што ќе биде објавен во електронската публикација „Новинарството како јавно добро“.

Конкурсот е отворен за сите членови на ССНМ, кои можат да испратат апликација на  ssnm.info@gmail.com. Апликацијата треба да содржи лични податоци на кандидатот (име и презиме, мејл и телефон), новинарски жанр со кој ќе биде обработена темата, како и краток опис (максимум една страна во ворд) на аголот кој авторот смета дека е релевантен за обработка на темата.

Авторот ќе биде избран од тричлена комисија според квалитетот и оригиналноста на пристапот содржан во апликацијата. Текстот ќе биде хонориран со 100 евра (бруто).

Електронската публикација е дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост: справување со лажните вести“ во кој ССНМ е партнер на Македонскиот институт за медиуми, заедно со Медиа дајверсити институт од Лондон и Институт за комуникациски студии. Проектот е поддржан од Европската Унија. Секој број на публикацијата ќе обработува една поширока тема поврзана со професионалното новинарство, како и со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат новинарите и медиумските работници во Македонија.

Рок за аплицирање: 22 април 2019

Рок за завршување на анализата: 30 април 2019

Scroll Up