По мисијата за прибирање факти на ECPMF-EFJ-SEEMO-OBCT во Македонија, на 25-28 април 2017 година, четирите организации излегоа со следната изјава во однос на растечкото насилство врз новинарите во Македонија
Изразуваме длабока загриженост за вчерашните насилни напади врз новинарите во Собранието на Република Македонија.
Од почетокот на 2016 до вчера, Здружението на новинари на Македонија има регистрирано најмалку 21 напад врз новинари во земјата, од вкупно десетици во изминатите неколку години. Сето тоа е јасен знак за растечкиот тренд на насилство против новинарите.
Состојбата со слободата на медиумите во земјата е загрижувачка. Нападите врз новинарите се директна закана по демократијата.
На покана на ЗНМ и Регионалната платформа за промовирање на слободата на медиумите и безбедност на новинарите на Западен Балкан, Европскиот центар за слобода на печатот и медиумите (ECPMF) спроведе мисија за прибирање факти во Скопје од 25 до 28 април 2017 година. Делегацијата, која ги вклучуваше и Европската федерација на новинари (ЕФЈ), Медиумската организација на Југоисточна Европа (SEEMO) и Osservatorio Balcani e Caucaso Transeuropa (OBCT) го истражуваше растечкото насилство врз новинарите во Македонија и ги слушаше нивните искуства.
Во текот на мисијата, меѓународната делегација досега спроведе вкупно 13 интервјуа со 15 претставници на неколку медиуми, НВО, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Советот за етика во медиумите, Покрај тоа, делегацијата се сретна и со Министерот за внатрешни работи, Г-динот Агим Нухиу.
Според нашите наоди, помеѓу главните причини за зголеменото насилство се:
- Политичката клима, антимедиумската реторика и поларизацијата водат кон екстремно небезбедна средина за новинарите
- Нема политичка волја да се обезбедат услови за слободно и независно новинарство. Државните институции и политичките чинители не преземаат одговорност за заштита на новинарите.
- Системите на кривична и граѓанска правда не постапуваат соодветно по заканите и насилството врз новинарите. Не се спроведуваат законите за заштита на медиумите и не се гонат сторителите кои прават лесна мета од новинарите.
Потписниците на оваа изјава го осудуваат секој вид на агресија врз новинарите во Македонија.
Сакаме да ги повикаме политичките партии и сите поврзани тела и органи да спречат дополнителни напади и да обезбедат безбедна средина за новинарството и слободата на изразување. Го повикуваме судството и сите надлежни органи да стават крај на неказнувањето.
- Македонските власти мора да спроведат брзи и ефикасни истраги за секој еден случај на загрозување на физичката безбедност и интегритетот на новинарите. Политичарите треба да се воздржат од реторика која потикнува омраза и работи во служба на насилството..
- Мора да се почитуваат меѓународните конвенции за заштита на човековите права и слободата на изразување.
- Идната влада и опозицијата мора да ја почитуваат обврската на Македонија да го заштити новинарството и да гарантира интернет слобода. Македонските власи мора итно да ги спроведат препораките на Советот на министри на Советот на Европа (Препорака 2016-5), усвоена на 13 април 2016 година. Според овие стандарди, каква било дополнителна државна регулатива за медиумска содржина е неприфатлива.
- Македонските власти мора да се консултираат за сите идни реформи во медиумскиот сектор со легитимните национални организации кои промовираат слобода на медумите и независно новинарство: Советот за етика во медиумите (СЕММ), Здруженитето на новинари (ЗНМ) и Синдикатот на новинари (ССНМ).
Исто така, ги повикуваме сите новинари серизно да ја преземат улогата на набљдувачи. Ги поттикнуваме да го пријават секој напад, заплашување или малтретирање. Тие треба да бидат солидарни со нивните колеги, да соработуваат и да се поддржуваат.
Ние, како Организација за слобода на медиумите и новинарите во Европа во рамките на заедницата за слобода на изразување, даваме поддршка на нашите колеги во Македонија. Ние и понатаму ќе ја следима состојбата и ќе го кренеме гласот. Во мај ќе следува целосен извештај од мисијата за прибирање факти.