Крај за сензационалистичките наслови на Фејсбук

Датум

Сензационалистичките статии често носат интригантни наслови кои сугерираат дека приказната е многу понитересна отколку што во реалност е.

Тие се познати по нивните примамливи фрази како што се „не можете да претпоставите што се случи потоа“ за да привлечат интернет сообраќај.

Фејсбук ги интензивираше своите мерки против таканаречените сензационалистички вести кои се појавуваат на социјалната мрежа.

Од Фејсбук велат дека тие сега автоматски можат да ги потиснат таквите стории така што развиле технологија која детектира сензационалистички наслови во делот за проток на вести – фрази како што се „не можете да претпоставите зошто“ и „нема да ви се верува што тој одговори.“

Оваа технологија на скенирање беше создадена од тим на Фејсбук кој рачно прегледа „илјадници наслови“ за да состави листа на лесно препознатливи карактеристики на сензационалистичките стории.

Насловите кај кои ќе бидат детектирани такви фрази автоматски ќе бидат најниско рангирани во протокот на вести на Фејсбук, велат од компанијата. „Го ажурираме начинот на рангирање на вестите за дополнително да ги редуцираме сензационалистичките наслови во наредните недели, беше напишано во едно соопштение на Фејсбук.

„На тој начин, луѓето ќе гледаат помалку сензационалистички стории а повеќе од приказните кои би сакале да ги видат на врвот од вестите.“

Популаризирање

Националниот синдикат на новинари (НУЈ) ја поздрави одлуката.

Британскиот синдикат на новинари ја поздрави намерата на Фејсбук да ги филтрира сензационалистичките наслови

Мартин Шиптон, претседавач на Trinity Mirror групацијата на НУЈ тврдеше дека културата на сензационализам и поставување таргет на сообраќај „би можела да ги поттикне известувачите да ги сензационализираат сториите, да ги тривијализираат вестите и да се откажат од посуштествено новинарство кое е вистински од јавен интерес и кое подразбира работа и истражување.“

Во јануари, интернет страницата на новинари Press Gazette во анкета на околу 700 новинари откри дека речиси една третина изразиле загриженост за квалитетот на интернет новинарството.

Фејсбук претходно направи обид да ги минимизира сензационалистичките наслови на поинаков начин – мерејќи го времето колку долго корисниците се задржувале на надворешна интернет страница откако кликнале на наслов. Но, како што велат, оваа постапка не била доволно прецизна.

Велат дека сега ги категоризираат насловите како сензационалистички доколку истите не откриваат информации потребни да се разбере содржината на статијата и исто така доколку преувеличуваат за да создадат лажни очекувања,

„Луѓето ни кажуваат дека највеќе сакаат да гледаат автентични стории“, додадоа од компанијата.

BBC

Останати
објави

Сподели на...