Лажното новинарство не е ново

Датум

Лажните вести не се ништо ново. Нивното влијание е постојано присутно во американската историја, иако со различен интензитет. Но, постоеше една златна ера на „жолто новинарство“ во 1890-те, кога лажните вести помогнаа да започне војна.

Жолтото новинарство е дефинирано како секое новинарство кое користи вести на непрофесионален и неетички начин.

Изразот е скован во 1890-те да опише немилосрдна тиражна војна помеѓу New York Journal на Randolph Hearst и New York World во сопственост на Joseph Pulitzer.

Тие бараа криминал, скандал и сочни детали. Фактите кои ја нарушуваа сензационалноста на приказната можеа да се изостават, на сметка на измислени детали. Секој изговор да се употреби слика на разголена жена беше добредојден.

Целта беше да се создаде сензација која би ги поттикнала луѓето да купуваат копии на весникот. Со други зборови, вистината се жртвуваше за профит.

Ваквото разобличено новинарство имаше и свои предности. Корупцијата и некомпетентноста беа бескрупулозно обелоденувани, и некои доби каузи беа усвојувани, дури и ако приказните се туркаа на неетички начин.

Една кауза која обата весника ја усвоија во 1890-тите беше таа на револуционерите во Куба, кои се бореа за независност од Шпанија. Бунтовниците беа ставени во ист калап како патриотите кои се бореа за независноста на Америка. Шпанските злосторства беа пренагласени; злосторствата на бунтовниците игнорирани. Уредувачката позиција беше дека Америка треба да помогне.

Во 1898 година, борбен брод на американската морнарица, USS Maine, експлодира додека испловуваше од Хавана, Куба, убивајќи повеќе од 250 Американци. Причината не беше никогаш откриена. Но жолтото новинарство побрза со заклучокот дека Шпанците тоа го направиле намерно. „Запомнете го Maine“ стана слоган на жолтото новинарство, насочувајќи го јавното мислење кон војна.

Имаше и многу други фактори зад шпанско-американската војна од 1898 година, но конфликтот беше во дел овозможен од ваквиот наплив на наведувачкото новинарство.

Останати
објави