Новинарството треба да понуди разбирање на светот. Денес, дали можеме да кажеме дека новинарството сè уште успешно ја исполнува својата мисија?
Новинарската сцена денес повеќе не е она што беше. Со дигиталните технологии, алатките се сменија и информациите сè побрзо и побрзо циркулираат. Од друга страна, она што не се смени е суштината на новинарството да бара информации, да ги проверува и да ги става во контекст. Постојат повеќе медиумски платформи кои бараат сè побрзо и побрзо нови информации, но функцијата на новинарствто не може да зависи само од алатките, ниту од брзинаа на пренесување на информациите до јавноста,
Властите и политичарите се чини дека не ја сфаќаат сериозно опасноста од осиромашувањето на плурализмот и квалитетот на информациите во демократскиот живот. Истата „либерална“ политика ги поттикнува да го сметаат печатот за само уште еден „производ“ и да ја остават регулативата на законот на пазарот.
Покрај тоа, многу е модерно да се смета дека новинарите не се повеќе единствените кои треба да информираат. Вистина е дека тие се подложни на конкуренцијата од движењето „сите се новинари“, но тоа не ја менува нивната мисија. Секој поединец, независно од неговиот медиум или земја, треба да се придржува до професионалните начела, достоинството, независноста, и конечо да ја оправда причината за своето постоење. Индивидалниот пристап треба да го зајакне неопходниот колективен пристап. Новинарот има одговорност да се оддели од наводните информации кои кружат на интернет, во корист на одредени социјални мрежи.
Дигиталните технологии веројатно не се најголемиот фактор за промените во професијат. Всушност, новинарството е влезено во нова глобална економска фаза од 1970-ите во САД и 1980-ите и 1990-ите во Европа. Ваквата промена беше окарактеризирана со две движења: финансијализација, особено транснационална, и концентрација.
Финансијализацијата се карактеризира со развојот на финансиското акционерство. Комуникацијата, културата и медиумите го добија сето внимание на инвестициските фондови во кои се одлеваат огромни суми пари.
Залудно е да се верува дека е возможно индивидуално спротивставување на стратегиите на медиумските групации, во една редакција или земја, па дури и континент, додека нивните акционери се глобализирани. Или да се верува дека е возможно спротивставување на концентрацјата, која го намалува плурализмот, на национално ниво.
Денес, Black Rock (кој управува со повеќе од $ 5 трилиони и има удел во капиталот на 14.000 компании низ светот), The Vanguard Group, Capital Research & Management, Citigroup, Bain Capital, Carlyle, но и суверени фондови на Саудиска Арабија, Катар и Норвешка (Norges Bank Investment Management) се присутни во сите индустриски сектори, вклучуваќи го и медиумскиот сектор.
Почнувајќи од 1990-ите, либерализацијата на телекомуникацискиот и аудиовизуелниот сектор предизвика бран на концентрација, во име на засилената меѓусебна поврзаност помеѓу културата, телекомуникациите и индустријата за опрема. Групите себе си се гледаат како мултимедија и го применуваат спојот помеѓу содржината и мрежите.
Најсимболични примери се преземањето на Time Warner од страна на AT & T во Соединетите држави (за повеќе од 100 милијарди долари) или купувањето на дневни весници, списанија, радио станици и телевизиски канали од страна на групацијата Altice на Patrick Drahi во Франција, САД и Израел. Најголемиот акционер на Шпанија, групацијата Prisa-El País ги вклучува HSBC, Santander и банките La Caixa, неколку санациски фондови во САД, шпанската мултинационална Telefónica и моќна финансиска групација од Qatar.
Банките и други финансиски играчи ги овозможуваат ваквите мега-концентрации одобрувајќи огромни кредитни линии. Трошоците на овие транскакции се значителни, особено во врска со финансиските трошоци на групациите кои се задолжени. Кредитните линии имаа драстични клаузули за управување, кои гарантираат брз поврат на инвестицијата за акционерите и гаранција за отплаќање на долговите.
Ваквата ситуација е резултат на потрагата по поголема профитабилност на капиталот инвестиран од акционерите, што создава услови за креирање на повеќе и повеќе гигантски групи кои очекуваат профит од 15% до 20% што може да се постигне единствено преку намалување на сите трошоци: плати, работни места, уреднички буџети, итн.
Властите и политичарите се чини дека не ја сфаќаат сериозно опасноста од осиромашувањето на плурализмот и квалитетот на информациите во демократскиот живот. Истата „либерална“ политика ги поттикнува да го сметаат печатот за само уште еден „производ“ и да ја остават регулативата на законот на пазарот.
Последиците од управувањето на компании, организацијата на медиумите и уредничката содржина се бројни и разновидни. Тие може да се мерат секој ден во нашето процесирање на информации преку, на пример, зголемената важност на рекламирањето; можеме да го набљудуваме падот на групното новинарство преку екстернализација, стандардизирани норми и работни методи, итн.
Во глобализиран контекст, задачата на ИФЈ и ЕФЈ, која е нејзина регионална група, мора да биде комплементарна и координирана за да наметне квалитетно новинарство критичко новинарство – секаде. Тие имаат заедничка одговорност да водат дебата, да го поддржуваат уредничкиот персонал кој е засегнат од концентрацијата и нарушувањето на работничките стандарди, и да наметнат Меѓународни рамковни договори на издавачите за да се избегне дампинг помеѓу матичната компанија и подружниците во меѓународните групации.
Залудно е да се верува дека е возможно индивидуално спротивставување на стратегиите на медиумските групации, во една редакција или земја, па дури и континент, додека нивните акционери се глобализирани. Или да се верува дека е возможно спротивставување на концентрацјата, која го намалува плурализмот, на национално ниво.
Каква моќ или контрола можеме да имаме врз медиумски компании или нивните бројни подружници кога нивните седишта се често лоцирани во даночни раеви?
На новинарскиот синдикализам му е потребна поголема меѓународна солидарност; тоа треба уште да се развива без друга цел освен онаа неопходна за подобрување на квалитетот на работата потребен да ѝ се обезбеди на професијата јавен простор за информации преку политики насочени кон организирање на медиумска сцена во интерес на граѓаните.
Соопштение усвоено на конгресот на Европската федерација на новинари во Букурешт.