Најдоброто истражувачко новинарство во 2016

Датум

Жан Клон Кабенгера

Сега кога 2016 остана зад нас, време е да фрлиме поглед назад на темелното, истражувачко новинарство кое ги поттикна светските лидери и граѓани во акција.

Измината година даде многу истакнати истражувачки парчиња кои открија прикриени скандали и незаконски дела, откривајќи ја вистината и катализирајќи промена.

Еве поглед на некои од најдобрите примери на истражувачко новинарство во 2016 година:

The Panama Papers, Меѓународен конзорциум на истражувачко новинарство

Протекувањето на 11,5 милиони документи кои содржат тајни финансиски информации и доверливи информации помеѓу адвокати и клиенти за повеќе од 214.888 офшор компании беше еден од најамбициозните и несовладливи истражувачки проекти кои се случија во 2016 – веројатно и во последната декада. Спроведена од Меѓународниот конзорциум на истражувачко новинарство и германскиот весник Süddeutsche Zeitung, во партерство со повеќе од 100 други новински организации, истрагата доведе до оставки на високи функционери, полициски рации и неколку други истраги.

Истражувачаките документи ја истражуваа тајната индустрија на офшор сметките на светските богаташи и моќници на кои ги кријат своите средства и преку кои ги избегнуваат правилата основајќи компании во далечни јурисдикции. Иако документите предизвикаа контроверзија по нивното откривање на 9 мај, проектот беше награден со Gold Barlett & Steele Award за истражувачко новинарство во 2016.

Пентагон: Специјалната операција на убивање бремени авганистански жени беше „соодветна“ примена на сила, The Intercept

На 6 јуни, The Intercept, интернет истражувачка страница, објави истрага на една од најозогласените упади на американската војска во Авганистан во 2010. Истрагата прво започна во февруари 2010, кога американската војска најави упад во талибанска населба во Гардез, каде Специјалните сили открија тела на три авганистански жени. CNN ја опиша очигледната егзекуција на талибанците како „дело со белези на традиционално убиство од чест“.

Но кога Џероми Старки од The Times отпатува на местото – единствениот известувач кој тоа го стори – официјалната приказна беше брзо разоткриена. Наодите од истрагата на Џереми Шахил се разурнувачки. Таканаречените талибански милитанти биле всушност владини сојузници.

Мигрант, бегалец, криумчар, спасител, Глобална иницијатива против транснационален организиран криминалг

Додека милиони луѓе од Средниот Исток и Африка бараат бегство од конфликт, опресија, природни катастрофи, сиромаштија и глад, нивното движење е овозможено и поттикнато од мрежа на организиран криминал со криумчарење луѓе, киднапирање и изнудување пари од бегалците кои минуваат низ Европа. „Мигрант, бегалец, криумчар, спасител“ ја раскажува приказнаа за оваа комплексна подземна економија.

Питер Тинт и Тјусдеј Реитано, истражувачи на Глобалната иницијатива против организиран криминал кои го свртеа вниманието на светот на еден од најзапоставените аспекти на глобалната бегалска криза, ѝ рекоа на Кристиан Аманпур од CNN и на BBC дека мафијата заработува милијарди долари од подмолната нова трговија на сметка на смртта на илјадници мигранти.

Украден спомен, Ojo Público

Перуанската интернет страница за истражувачко новинарство Ojo Público, во соработка со четири медиумски организации од Латинска Америка (Animal Político од Мексико, La Nación во Коста Рика, Plaza Pública во Гватемала и Chequeado од Аргентина), спроведе шестмесечна истрага за незаконска трговија на културни артефакти во земјите на Латинска Америка.

Истрагата откри дека помеѓу 2008 и 2016 година, главните аукционерски куќи во Европа и Соединетите Држави ставиле на продажба повеќе од седум илјади предмети од археолошкото наследство на Перу. Истрагата доведе до формирање на првата новинарска мрежа која собира доверливи датотеки за незаконска трговија и открива корупција во Латинска Америка,

Останати
објави

Сподели на...