Во 2016 година, Media Pluralism Monitor ја анализираше медиумската слобода и плурализмот во 28 европски земји, вклучувајќи ги и Турција и Црна Гора како земји-кандидати. Центарот за медиумски плурализам и слобода на медиумите (CMPF) во петокот (19/05/2017) објави извештај кој покажува алармантни трендови, особено кога се работи за новинарската професија, вклучувајќи и услови за работа, заштита на извори, пристапот и улогата на синдикатите и здруженијата во заштитата на новинарите. Извештајот особено истакнува дека не постои земја во која нема ризик по медиумскиот плурализам.
Ризиците се анализираа од различни апекти и потенцијални закани, во врска со четирите главни тематски подрачја: основна заштита, бројност на пазарот, политичка независност и општествена инклузивност.
Додека повеќето од земјите општо уживаат основни регулаторни заштити за медиумите, одредено влошување на слободата на изразување и заштитата на новинарите може да се анализира во една третина од земјите. Најлошото сценарио за основна заштита се разгледува во Турција, каде тие ризици се особено високи. Само неколку земји покажале низок ризик во областите на политичка независнот, бројност на пазарот и општествена инклузивност.
Ги поттикнуваме нашите партнери да ги користат националните извештаи во нивнто лобирање, особено кога станува збор за подобрување на регулативата за концентрација на медиумите, рече претседателот на ЕФЈ Могенс Блишер Бјерегард. Концентрацијата на медиумите беше главна тема на нашите дискусии на Годишниот состанок на ЕФЈ под наслов „Новинарите под притисок“ минатата недела во Букурешт.
Клучните ризици по медимскиот плурализам, според извештајот, вклучуваат:
- Концентрација на медиумска сопственост – една од најголемите пречки за диверзитет на информации и гледишта;
- Влошување на основните гаранции за „стимулирачка средина“ за слобода на изразување поради лошиот ефект на високите казни и криминализирањето на клеветата;
- Недостиг на транспарентност – непостоење на веродотојни и пристапни информации за тој ги поседува и контролира медиумите;
- Регулативата и/или саморегулативата која содржи одредби за автономијата на новинарската и уредничката работа е вообичеано недоволна/неефикасна за обезбеди слободна и независна средина за работа на новинарите. Особено е запоставена улогата на главните и одговорните уредници;
- Недоволна застапеност на жените во медиумските организации и вестите;
- Несоодветен и непропорционален пристап до медиумите за бројнте малцинства кои живеат во ЕУ;
- Комплетно отсуство на медиумите на заедниците во одредени земји;
- Недостатоци во правната заштита и политичките мерки за локалните и медиумите на заедниците во Европа;
- Недоволно развиена политика на медиумска писменост или непостоење на политика на медимска писменост во голем број од европските земји;
- Уредничката автономност во медиумските системи подлежи на комерцијални и политички влијанија.
Целиот извештај на англиски е достапен тука.
Медиа плуразлиам монитор се темели на студија на Европската заедница објавена во 2009 година. Европската унија сега финансира проекти за поедноставување и тестирање на алатката за да може реално да се применува во земјите-членки. За повеќе информации за финансирањето, методологијата и целите, видете тука.