Новинарскиот проект на Facebook

Датум

Какви се плановите на најголемата социјална мрежа. Што подразбира новинарскиот проект на Фејсбук.

Од Фиџи Симо

Facebook е нов вид на платформа и сакаме да допринесеме во тоа луѓето да водат значајни разговори, да бидат информирани и да бидат меѓусебно поврзани. Знаеме дека нашата заедница го вреднува споделувањето и дискутирањето на идеи и вести, и како дел од нашата услуга, важно ни е да вирее здрав екосистем на вести и новинарство.

Затоа денес најавуваме нова програма која ќе воспостави посилни врски помеѓу Facebook и новинската индустрија. Ќе соработуваме до медиуми за да развиваме производи, учејќи од новинарите како да станеме подобар партнер, и ќе работиме со издавачи и едукатори на тоа како да го обезбедиме знаењето кое им е потребно на луѓето за да бидат информирани читатели во дигиталната ера.

Новинарскиот проект на Facebook ќе фунцкионира на три начини:

1) Развој на нови производи преку соработка

Ќе можеме подобро да ги задоволиме потребите на корисниците на Facebook и на нашите партнери доколку работиме заедно во развојот на нашите производи. Иако сме работеле на ова со нашите партнери во минатото, како дел од новинарскиот проект на Facebook, ќе започнеме уште подлабока соработка со новинските организации од целиот спектар за да се развиваме заедно од самиот почеток на процесот на развивање производ.

Нови формати на известување. Како што еволуираат желбите на луѓето кога станува збор за начинот на консумирање вести, од критично значење е заедно да ги изнајдеме форматите на известување кои ќе им помогнат на луѓето да бидат поинформирани. Сакаме да работиме со партнерите за да ги развиеме нашите постојни формати — Во живо, 360, Инстант статии, итн. —за подобро да ги задоволиме нивните потреби, и заедно да развиеме целосно нови. На пример, слушаме од уредниците дека сакаат да презентираат пакети од приказни на нивните најактивни читатели на Facebook. Со неколку партнери веќе бараме најдобар начин како тоа да се реализира. Ќе започнеме да го тестираме преку Инстант статии за читатели да можат да видат истовремено повеќе стории од нивните омилени новински организации. Се работи за ран тест – и ќе продолжиме со партнерите да бараме најдобро решение за овој производ.

Локални вести. Локалните вести се почетна точка за добро новинарство – тие ги зближуваат заедниците околу прашања кои се најблиску до дома. Сакаме да истражиме што можеме да изградиме со нашите партнери за да ги поддржиме локалните вести и да промовираме независни медиуми. Оваа иницијатива е во својата најрана фаза; сакаме да зборуваме за неа сега за да добиеме што е можно повеќе информации од редакциите и новинарите и заедно да ги обликуваме локалните вести Facebook.

Нови деловни модели. Нашата клучна област на соработка е постоењето на нови деловни модели. Многу од нашите партнери повторно ставаат акцет на зголемување на бројот на претплатници, и ние веќе почнавме да бараме начини како да ги поддржиме таквите напори. Овој месец нашиот инженерски тим со соработка со инженерскиот тим на германската новинска организација БИЛД ќе започне тест со кој ќе се истражуваат бесплатните пробни понуди на активните читатели на Инстант статиите. Тоа е работа која сакаме почесто да ја правиме. Исто така, ќе продолжиме да работиме на опциите за монетизација за партнерите, како што е проширување на тестот на реклами во живо на поголема група партнери, како и истражување на реклами во вообичаени видеа.

Хакатони. Хакатоните се една од најдолгите традиции во Facebook, кога нашите инженери се одмораат од секојдневата работа за да истражат нови проблеми и технички решенија. Ќе започнеме програма на глобално ниво каде инженерите на Facebook ќе соработуваат со девелоперите од новинските агенции на идентификација на можности и хак решенија.

Ќе продолжиме да слушаме. Редовно се среќаваме со нашите медиумски и издавачки партнери – и како дел од Новинарскиот проект на Facebook во месеците што следуваат тоа ќе го правиме уште поинтензивно, преку нови состаноци со издавачи во САД и Европа. Соработката ќе ја прошириме на светско ниво до крајот на годината. Ќе поканиме многу од нашите партнери на F8, годишната конференција на Facebook во Беј Ериа, и ќе продолжиме да спонзорираме значајни новинарски и издавачки конференции, вклучувајќи ја и конференцијата на Digital Content следниот јануари и Фестивалот на новинарство на Перуџа на пролет.

2) Обука и алатки за новинари

Обука. Покрај обуките во редакциите кои моментално ги нудиме, сега спроведуваме и серија  курсеви на е-учење за производите, алатките и услугите за новинари на Facebook. Овие обуки ќе ги прошириме на дополнителни девет јазици и, во партнерство со Poynter, ќе започнеме програма за новинари во месеците кои следуваат.

Редовно ги посетуваме редакциите за да учиме и споделуваме, и домаќини сме на многу новинари од целиот свет со кои дискутираме за најдобрите практики за тоа како да добијат информации за нашата платформа, да дистрибуираат работа на Facebook и да се вклучат и градат публика за нивното известување. Во иднина ќе обезбедиме обуки за локалните редакции во соработка со Фондацијата Најт, Задругата за новинарство на Детроит, Институтот за непрофитни вести, Локални независни вести онлајн (ЛИОН), Институтот за новинарство во нови медиуми, Центарот за кооперативни медиуми на државниот универзитет Монтклер, и други.

Алатки. Неодамна го набавивме CrowdTangle, алатка која објавува стории, го мери нивниот општествен учинок и идентификува влијанија. Денес објавуваме дека оваа алатка ќе биде бесплатна за нашите партнери. Повеќе за неа може да прочитате на CrowdTangle.

Забележавме дека новинарите го користат Facebook Live за да најдат и споделуваат вести, и да се поврзат со нивната публика. Сега градиме повеќе алатки за да им помогнеме на новинарите да го користат Live за да известуваат и откриваат вести колку што е можно полесно. Денес воведуваме функција која ќе им овозможи на администраторите на страницата да назначат конкретни новинари како контрибутори, давајќи им можност да одат во живо во име на страницата, промена чија цел е да го направи таквото изестување пофлексибилно за редакциите. Во иднина, на Profiles сакаме да им ја дадеме флексибилноста која Live API им ја дава на Pages, за новинарите да можат да ја користат нивната професионална опрема да известуваат во живо. Исто така, сега ќе им понудиме на новинарите едноставен начин да видат како нивните јавни видеа котираат на Facebook профилите. За ова и други ажурирања може да прочитате на нашиот блог за Медиуми тука.

Помош со медиуми на очевидци. Очевидците кои поставуваат видеа и слики за време на важни служувања станаа можни и важни извори за новинарите. Горди сме што сме член на First Draft Partner Network, коалиција на платформи на 80+ издавачи кои работат заедно за да обезбедат практични и етички насоки за тоа како да се најде, верфикува и објави содржина од социјалната мрежа. Ќе ја зголемиме нашата посветеност на First Draft и ќе им помогнеме да воспостават виртуелна верификациска заедница и повеќе.

3) Обука и алатки за сите

Во нашите напори да го поддржиме новинарството, ќе работиме и на нови начини да им обезбедиме на луѓето повеќе информации за да можат да прават паметни избори за вестите кои ги читаат – и да имаат значајни конверзации за она што им е важно. Нешто од тоа ќе биде направено во директно партнерство со новинарите; на други теми ќе работиме со едукатори и истражувачи. Со оваа работа ќе започнеме наскоро; ќе се состануваме со новински организации на глобално ниво и ќе ги поддржиме постоечките и новите проекти за иновација и истражување. Нашите главни области на фокус на почеток ќе бидат:

Промовирање на медиумска писменост. Ќе работиме со трети организации за тоа како подобро да се разбере и промовира медиумската писменост на и надвор од нашата платформа за да им помогнеме на луѓето од нашата заедница да ги добијат информациите кои им се потребни за да донесат одлуки за тоа на кои извори да им веруваат. Ќе им помогнеме на организациите кои веќе работат во оваа област, како што е Школата за новинарство и масовни медиуми Волтер Кронкајт на државниот универзитет во Аризона, и ќе составиме конзорциум на експерти кои ќе одлучуваат за тоа кое истражување да се спроведе и кои проекти да се финансираат. Краткорочно, работиме со Проектот за медиумска писменост за да произведеме серија реклами за јавни услуги (PSAs) за да ги информираме корисниците на Facebook за ова важно прашање. Наша подолгорочна цел е да обезбедиме поддршка за новинарските организации преку проекти и идеи насочени кон подобрување на медиумска писменост, вклучувајќи и финансиски грантови кога е потребно.

Постојани напори за спречување на лажни вести. Неодамна објавивме подобрување на нашата платформа за дополнително намалување на ширењето на лажни вести – вклучувајќи и начини за нивно лесно пријавување и нови напори за попречување на финансиските добивки за спамерите. Покрај тоа, започнавме програма за работа со трети организации за проверка на факти кои се потписници на Меѓународниот кодекс на начела за проверка на факти на Poynter за идетификување на лажни вести на Facebook. Проблемот е поголем од која било платформа, и важно е сите да работиме заедно на намалувањето на неговото влијание.

Ова е само почеток на нашите напори на тоа поле – имаме уште многу работа. Страницата на Новинарскиот проект на Facebook ќе служи како упориште на нашите напори да го промовираме и поддржиме новинарството на Facebook, и за нашите иницијативи ќе ве известуваме овде.

Останати
објави

Сподели на...