Новинарство – женска професија со која управуваат мажи

Датум

70 проценти од дипломираните студенти по новинарство во Европската Унија биле жени, па сепак на жените им е многу потешко да напредуваат во кариерата.

Иако новинарството сè повеќе станува женска професија, жените се и понатаму помалку платени од мажите, покажало истражувањето на Европскиот институт за родова еднаквост, како и дека во 2010 година, 70 проценти од дипломираните студенти по новинарство во Европската Унија биле жени. Без оглед на тоа, на жените им е многу потешко да напредуваат во кариерата.

Жените, особено во малите медиуми, почесто се доведуваат во ситуација да работат сè и сешто. На иста позиција работат и како новинарки, монтажерки, кафе-куварки, а при тоа се платени само за едно работно место

За тоа зборува податокот дека во БиХ директорите на трите јавни сервиси се мажи, како и тоа дека од 43 ТВ станици, жени се на чело во само 10. Значи, напредувањето до раководни позиции за жени е реткост.

Милкица Милојевиќ, претседателка на Здружението на новинари на БиХ, пред десет години, во соработка со Здружението Лара од Бијељине, работеше на истражување на разликите помеѓу новинарките и новинарите. Тогаш, во поглед на работните права, новинарките беа во многу полоша позиција.

„Жените, особено во малите медиуми, почесто се доведуваат во ситуација да работат сè и сешто. На иста позиција работат и како новинарки, монтажерки, кафе-куварки, а при тоа се платени само за едно работно место“, објаснува таа мислејќи на истражувањето.

Смета дека ситуацијата до денес се нема значително променето, и дека во БиХ сè уште постои традиционална поделба на работните обврски на повеќе или помалку добри за жените.

„Добра работа за жени е онаа која подразбира таа да може навреме да стигне дома, да подготви ручек и да го земе детето од градинка, а дали дотогаш ќе дубиме на глава за да заработиме плата која ќе биде дупло помала од таа на оној кој може да си го дозволи луксузот да остане подолго наработа, да оди на вечерни состаноци и службени патувања, тоа никому не му е важно“, вели таа.

Сè додека патријархатот верно и слугува на опресијата, дискриминацијата и скратувањето на еднаквоста, одговорноста ќе биде на него и на луѓето кои го практицираат

Јазот помеѓу платите на жените и мажите во Европа е всушност најголем во БиХ и изнесува речиси 50 проценти, покажува истражувањето на лондонскиот Expert Market.

„Општеството генерално не е наклонето кон негување на женските капацитети и можности. Промена на состојбата би значела коренита промена во општеството, која е, секако, невозможна. Сè додека патријархатот верно и слугува на опресијата, дискриминацијата и скратувањето на еднаквоста, одговорноста ќе биде на него и на луѓето кои го практицираат, вели Маша Дуркалиќ, новинарка и авторка на публикацијата „Нејзиниот глас одекнува“.

Ако работничките на Newsweek пред речиси половина век први во историјата поднеле тужба против дискриминација, јасно е дека во 21-иот век недостасува храброст и солидарност. Дураклиќ смета дека причините за тоа се главно од егзистенцијална природа.

„Ако немате пари, ако ве малтретираат на работа, ако сте присилени да работите многу повеќе отколку што можете, не останува баш многу време да солидарност и претприемчивост“, истакна таа.

Миленко Вочкиќ, шеф на бирото на Радио Слободна Европа во Сараево, каде се претежно вработени жени кои се и уреднички, нагласува дека најбитен е резултатот, односот кон работата, ефектите од работата и посветеноста, а не полот. Иако не е оптимист дека таквиот принцип во блиска иднина ќе биде применет и во останатите медиуми, смета дека е важно да постои модел за тоа како може поинаку.

„Традиционализмот кој е и те како присутен на овие простори не е лесно да се скрши со нормативи, но ако се откажеме од тоа, тогаш сме навистина во среден век“. Заклучи Вочкиќ.

Останати
објави

Сподели на...