Во рамките на Светскиот ден на слободата на медиумите на 3 мај, новинарските синдикати низ светот бараат нула толерација за оние кои напаѓаат новинари или ја поткопуваат слободата на медиумите.
Започнувајќи значајна нова анкета за нарушувањето на слободата на медиумите во повеќе од 20 земји низ светот, претседателот на Меѓународната федерација на новина, Џим Бумела исто така ја истакна „непоколебливата заложба за гонење на сите оние кои ги заплашуваат, им се закануваат или ги напаѓаат нашите колеги, нашите права и нашите слободи“.
Анкетата објавена на Светскиот ден на слободата на медиумите од страна на Меѓународната федерација на новинари – која претставува повеќе од 600.00 новинари во 140 држави – ја открива состојбата на злоупотреба на медиумската слобода и правата на новинарите во повеќе од 20 земји.
Помеѓу клучните наоди се:
- Повеќето испитаници пријавиле влошување на состојбата со слободата на медиумите во нивните земји.
- Самоцензурата е широко распространета како резултат на неказнување, физички напади и заплашување на новинарите.
- Во многу земји законите кои го пропишуваат правото на колективни договори се игнорирани или поткопувани од страна на работодавците и владите.
- Синдикалното мобилизирање и здружување поттикнува позитивни промени во новинарството и создава услови за конкретни чекори за постигнување на слобода на медиумите во светот.
- Безбедноста на новинарите е главен приоритет за сите испитаници.
Застрашувачки приказни за нарушување на слободата на медиумите пријавени од целиот свет.
- Во Перу, неказнувањето во случаи на убиство на новинари е апсолутно – 61 случај останува нерешен од 1983 година.
- Во Грција, економската криза и протестите доведоа до зголемен број на физички и политички напади врз новинари.
- Во Малави, на медиумите им е забрането да известуваат за претседателските функции како дел од репресијата на независните гласови.
- Во Конго – Бразавил, локалниот синдикат извести за широко распространети напади од страна на безбедносните сили против новинарите и странските дописници и оштетување на нивната опрема по интервјуто со лидерот на опозицијата за време на претседателските избори во март 2016 година.
Но синдикатите исто така известија и за растечкиот број на успеси како резултат на нивните кампањи и активности да се спротивстават на нападите врз слободата на медимите:
- Во Белгија, the Association Générale des Journalistes Professionels de Belgique (AGJPB/AVBB) извести за изразена победа против сензурата и за правото на информирање по успешното отфрлање на судска одлука со која се забрануваше статија за активностите на една водечка фармацевтска компанија.
- Во Сомалија, убиецот на новинарот Хиндијо Хаји Мохамед беше уапсен по кампањата на синдикатот против неказнувањето.
- Во Финска, притисокот од синдикатот ги принуди властите да покренат обвиненија против лица кои наводно им се заканувале на новинари.
- Во Португалија, Синдикатот на новинари (Sindicato dos Jornalistas) беше успешен во отфрлањето на рестриктивните насоки за покривање на изборите откако истите беа оспорени на суд.
- Во Костарика, синдикатот успешно помогна во борбата против случаите на клевета против 3 новинари од La Nacion.
- Во Шпанија, фоторепортерите се обединија како сведоци за да се покрене обвинение против полициски службеник за напад врз новинарот Завиер Гомез.
- Во Уганда, синдикатот на новинари поддржа успешен спор за уставни промени против парламентарното лидерство на земјата откако на повеќе од 50 новинари им беше забрането да ги следат постапките.
- Во Велика Британија, синдикатот обезбеди јавно извинување од полицијата откако тие запреа и претресуваа девет новинари кои покриваа јавен настан.
- Во Демократска Република Конго, беше осуден убиецот на новинарот Солеил Баланга.
- Во Буркина Фасо, медиумите реагираа на одлуката на властите да се забрани програма во живо во обид да се потисне критикувањето на владата, со што издејствуваа нејзино анулирање.
Претседателот на ИФЈ, Џим Бумела, рече:„ Оваа анкета открива шокатни размени на прекршување на слободата на медиумите и трагично отсуство на волја на многу влади и власти да ги заштитат новинарите. Но, таа исто така покажува дека синдикатите на новинари се грижат за оние кои напаѓаат новинари и ја поткопуваат слободата на медиумите да не поминат неказнето. Независно дали во печат или на радио или телевизија, на суд или преку меѓународните тела, на улиците или на работните места, синдикатите на новинари се борат против заканите по слободата на медиумите.“
Прочитајте ја целата анкета на ИФЈ