Фотографија Твитер Xhemajl Rexha
Потсетуваме на обврската на секоја редакција да oбезбеди заштитна опрема за новинарите и новинарките, односно целата екипа која известува од подрачјето на конфликтот. За време на конфликтот на Косово новинарите беа изложени на солзавец и беа присутни при кулминацијата на конфликтот. Многу од нив се сокриле во блиските кафичи од кои испаднале после неколку часови. Неколку автомобили на медиумските куќи се оштетени. Повикуваме на медиумските работодавци да обезбедат заштита на новинарските екипи кои ги испраќаат на местото на конфликтот. Потсетуваме и повикуваме на медиумските работодавци да превземат одговорност за сигурноста на своите вработени, да им ја осигураат потребната опрема и да им платат во зависност од ризикот кој го превземаат.