ОБСЕ назначи нов претставник за слобода на медиумите

Датум

Поранешниот француски министер Харлем Десир е новиот претставник за слобода на медиумите на ОБСЕ

Европската федерација на новинари (ЕФЈ) го поздравува договорот постигнат во вторникот од страна на Министерот за надворешни работи на Австрија Себастиан Курц за да се обезбеди назначување на нов Претставник за слобода на медиумите во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). На позицијата, слободна од 10 март, ќе биде назначен поранешиот француски министер за европски прашања, Харлем Десир. Неговото назначување ќе се формализира на 18 јули.

ЕФЈ се согласува со забелешката на Харлем Десир во неговото апликационо писмо: „Во изминатата деценија, новинарите продолжија да бидат жртви на вербални и физички закани и напади, некои се жртви на тортура, а многумина се малтретирани и спречени да ја вршат свјата работа. Неколкумина ги загубија своите животи извршувајќи ги своите работни задачи.“

Харлем Десир напиша дека „неговите амбиции за оваа позиција се активно да ги промовира осовните слободи втемелени во начелата и заложбите на ОБСЕ, особено слободата на изразувањето и слободата на медиумите.“

Покрај основните стандарди на медиумски плурализам, саморегулација на медиумите, законодавство за медиуми, безбедност на новинарите, борба против цензура и инструментализација на работата на новинарите, Харлем Десир сака да развие нови насоки на делување, особено во насока на решавање на предизвиците и заканите кои се специфични за онлајн медиумите.

Тој исто така најави јакнење на синергиите со Обединетите нации, но и со Советот на Европа, кој, во партнество со ЕФЈ, ги следи поголемите случаи на кршење на слободата на печатот во Европа преку Онлајн платформата за заштита на новинарството и безбедноста на новинарите.

„Го охрабрувам Харлем Десир да го следи примерот на жестоката Дуња Мијатовиќ, која брилијантно ја вршеше функцијата од 2010 до 2017 преку иницирање одлични иницијативи, како што се дијалог помеѓу новинарските синдикати на Русија и Украина, со поддршка на ИФЈ и ЕФЈ, или борба против онлајн злоставување на жените новинари“, вели Рикардо Гутиерез, Генерален секретар на ЕФЈ. „Го поттикнуваме во целост да го искористи овој мандат.“

ЕФЈ ја поздравува и заложбата на Харлем Десир да работи врз основа на „независна, објективна и непристрасна анализа на факти“ во координација со граѓанското општество и со претставници на медиумите“. Како главен претставник на новинарите во Европа, ЕФЈ би сакала да го запознае Харлем Десир во најскоро време за да ги дискутираат приоритетите на професијата.

Останати
објави

Сподели на...