Седумнаесет новинари и фотографи вчера завршија дводневна обука за безбедност во Сана/Јемен. Обуката ја организираше Јеменскиот синдикат на новинари (ЈСН) и Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ).
Учесниците добија специјализирана обука за управување со ризик, безбедносни процедури и прва помош. Со најмалку шест смртни случаи годнава и повеќе случаи на насилство, тортура и киднаприрање на јеменски новинари, Генералниот секретар на ЈСН, Мохамед Шебеита, ја подвлече важноста од обуката за безбедност за локалните новинари.
„ЈСН“ и ИФЈ се одлучни да им ги обезбедат на новинарите неопходните безбедносни вештини и знаење“, рече Шебеита. „Тоа е особено важно бидејќи во најголемиот број од смртните случаи, повредите и киднапирањата жртвите биле новинари кои не ги поседувале безбедносните информации кои можеле да им го спасат животот.“
ЈСН евидентираше над 100 случаи на насилство врз новинари и фотографи и затворање на десетици весници и интернет страници во првата половина на 2016 година. Тоа вклучува 6 смртни случаи, 11 случаи на тортура, 10 случаи на обид за убиство, 24 случаи на киднапирање или апсење, 12 случаи на напад врз новинари, медиумски редакции и приватни имоти, 13 случаи на закани и поттикнување насилство против новинари, 13 случаи на блокирање на внатрешни и надворешни веб страници, 7 случаи на запрени плати, откази и конфискување на опрема на новинари, и две судења.
„ИФЈ ги поздравува неуморните напори на ЈСН да ги одбрани животите и добросостојбата на јеменските новинари и нејзината решеност да им ги обезбеди на новинарите кои работат во една од најопасните земји во светот за професијата, вештините кои можат да им го спасат животот,“ рече Филип Лерут, Претседател на ИФЈ. „Ние ќе продолжиме да стоиме рамо до рамо со нашиот синдикат и неговите членови. Ги повикаме сите меѓународни медиумски групи да ја поддржат оваа витална работа за јеменските новинари да имаат колку што е можно поголеми придобивки од оваа обука за безбедност.“
ЈСН и ИФЈ ќе продолжат да имплементираат долгорочна програма за безбедност во месеците кои следуваат низ целата земја, вклучувајќи ги и провинциите Кадн, Хадрамут, Таиз, Ходеида и други.
Учесниците инсистираа на важноста на оваа уникатна програма за јеменските медиуми. Обуката за безбедност на ИФЈ ја истакна и важноста од споделување на знаењето на учесниците со нивните колеги за да се обезбеди дека соодветните безбедносни процедури се применуваат во нивната работа.
Како дополнување на програмата за безбедност, ЈСН следната недела ќе започне со дијалог со медиумите и уредниците со цел јакнење на професионалната солидарност помеѓу новинарите и борба против заканите и говорот на омраза против новинарите