Фриленсерството стана остварлива опција за кариера за лицата кои пишуваат во 2022 година, благодарение на зголемениот број на брендови кои бараат онлајн содржина за да ја анимираат публиката. Оригиналните приказни се дистрибуираат преку социјални медиуми, имот во сопственост како блогови, канали на YouTube и други места.
Брендовите со ограничени внатрешни ресурси природно претпочитаат решение за ангажирање на фриленсери за еднократни проекти. Ова може да помогне за надоместување на вишокот на работа што е потребна за големи проекти.
Изобилството на концерти и разни настани во индустријата за забава се можност за фриленсерите да заработат дополнителен приход и да се изложат на нови предизвици кои можат да ги изострат нивните вештини. Но, може, исто така, да им помогне за збогатување на нивните портфолија, oбјави „Content.grip“
Која е најдобрата апликација за хонорарни писатели?
Не постои една апликација за да владее со сите нив. Фриленсерите треба да користат различни апликации за да завршат различни работи.
Добрата вест е дека работењето како фриленсер никогаш не било полесно. Многу креатори на апликации објавија алатки за создавање на содржина и други ресурси кои ги поедноставуваат или автоматизираат различните фази од процесот на пишување.
Некои апликации помагаат за средување на идеите од интернет, додека други уредно ги чуваат фактурите за што поскора исплата на фриленсерот. За писателите кои се трудат сами, неколку од овие алатки, дел напојувани со вештачка интелигенција, можат дури и да дејствуваат како втор пар очи за контрола на квалитетот на содржината.
Значи, без посебен редослед, ви презентираме список на апликации за фриленсери кои може да се покажат корисни во различни фази на проектот – од идеја до фактурирање.
Препорачани апликации за фриленсери
ContentGrow
ContentGrow е врвна мрежа на APAC преку која брендови можат да ангажираат професионални фриленсери (писатели и новинари). На неа, лицата можат да креираат профил и да чекаат за понуда за работа или за проекти.
Откако ќе ги прифатат поканите за проекти, фриленсерите можат да прочитаат кратки информации, да поднесуваат нацрти и идеи за теми, директно да разговараат со клиентите и да наплатуваат за својот ангажман преку апликацијата. Клиенти на платформата има од цел свет и се движат од финансиски брендови до големи медиумски корпорации и многу повеќе.
ContentGrow во моментот работи само врз основа на покана за писатели. Писателите можат да се пријават со пополнување на формулар.
Jooble
Оваа платформа ги собира слободните работни места за работа од различни портали, овозможувајќи на фриленсерите да најдат ангажман во 71 земја. Нотификациите на апликацијата по е-маил се практични, бидејќи можете да добивате ажурирања за нови слободни работни места на дневно ниво.
Jooble е лансирана во 2006 година и оттогаш страницата има собрано импресивни 50 милиони месечни посети од баратели на работа ширум светот.
Ideation
Секое пишување започнува со идеја. Но, бидејќи идеите се минливи, најдобро е брзо да ги запишете пред да исчезнат. Постојат многу апликации за фриленсерите да можат да запишуваат идеи и да ги испеглаат концептите, додека не добијат смисла. Најдобро од сè, повеќето од овие апликации се бесплатни.
Evernote
Evernote е алатка која овозможува „сечење“ на содржината од веб страница (како што се онлајн линкови и фотографии) и нејзино преместување во бележникот на апликацијата, во делот за прибелешки. Со оваа алатка, исто така, можат да се постават задачи и рокови поврзани со тековни и претстојни проекти.
Dragon Dictation
Кога имате наплив на идеи, нивното запишување на парче хартија може да потрае предолго или подоцна да стане нечитлив ракопис. Dragon Dictation е софтвер за препознавање на говор, напојуван со вештачка интелигенција, кој овозможува на фриленсерите да го диктираат својот тек на мисли пред тие неизбежно да испарат. Dragon Dictation, исто така, важи за високо приспособлив, дозволувајќи приспособување на решението на специфични потреби на фриленсерите.
Ayoa
Imindmap се спои со Ayoa за целосно да ја вмрежи онлајн таблата со апликацијата за мапирање на мисли. Фриленсерите можат да започнат проект со умствена мапа што ги изложува концептот и логиката, а потоа да ги транспонираат како планови за работниот тек, како што се таблите на Kanban или табелите на Gantt. Тие, исто така, можат да објавуваат задачи од проектот во таблата за различни членови на тимот да можат да работат истовремено.
Writing
Вистинското пишување е најпредизвикувачкиот дел од проектите. За среќа, технологијата повторно доаѓа на помош за потехничката страна на пишувањето, како што уредувањето и лектурата.
Grammarly
Фриленсерите кои работат соло се навлезени во предизвиците во шоуто за едно лице. Тие треба сами да пишуваат, да уредуваат и да лекторираат. Еве каде Grammarly доаѓа на помош. Граматички го проверува правописот и дава напредни предлози за тон и за јасност. Всушност, тој служи како виртуелен уредник и коректор за хонорарни преведувачи на кои им треба дополнително око.
Hemingway App
Апликацијата Hemingway е уредувач на текст што ги поправа грешките и обемните реченици. Параграфите ги прави јасни и нежни. За брзи прегледи и поправки на реченицата, фриленсерите треба да го копираат текстот и да го залепат на веб-локацијата или апликацијата која потоа веднаш враќа предлози за уредување.
SwiftKey
За фриленсерите кои често работат во движење, од голема корист им е мобилната апликација SwiftKey. Таа се интегрира во тастатурата на мобилниот телефон за да поддржува поинтуитивно искуство при пишување. SwiftKey може да се приспособи за намалување на грешките при пишување, па дури и да овозможи изработка на подолги документи на телефонот.
Pre Post SEO
Оваа алатка нуди бесплатна практична проверка на плагијати за различни професионални фриленсери. Со неа, корисниците секогаш можат по двапати да ги проверуваат своите нацрти за да се уверат дека Google ги смета за доволно оригинални за подобро и да ги рангира.
Дополнително, Pre Post SEO нуди и 94 други бесплатни корисни алатки за фриленсери, вклучувајќи проверка на густината на клучни зборови, проверка на читливост и бројач на зборови.
Images
Kлиентите во денешно време сè повеќе очекуваат од фриленсерите да испорачуваат уникатни слики заедно со текст. Еве неколку апликации кои можат да помогнат.
Canva
Одличните визуелни слики вредат илјада зборови. Canva е алатка за создавање на содржина што е базирана на слики и ресурс за шаблони за фриленсерите да направат привлечни текстови и визуелни содржини, како што се презентации и брошури. Canva, исто така, помага во креирање на видео и содржини од социјалните медиуми без напор, што е плус за оние лица кои се нови во мултимедијалната игра.
Photoshop Express
Повеќето фриленсери не сакаат да ја инсталираат целосната верзија на Adobe Photoshop на нивните компјутери, особено само за повремено уредување на фотографии. Меѓутоа, за брзо „сечење“ на фотографии и ретуширање, ја имаат на располагање апликацијата Photoshop Express, која е кондензирана верзија на оригиналниот софтвер. Со својот едноставен кориснички интерфејс, Photoshop Express е вистинската апликација за оние кои бараат лесна алатка за мали допири на слики.
Lightroom Mobile
Lightroom Mobile е уште една апликација за уредување на слики од понудата на Adobe. Во споредба со Photoshop Express, Lightroom повеќе се приклонува кон поголеми проекти во кои корисниците треба да управуваат со покомплицирани задачи за уредување на слики. Дополнителна предност на Lightroom е организацијата на сликата и функцијата за зачувување која е базирана на облак. Ова им овозможува на корисниците да пристапат до нивните бази на податоци за слики во секое време и каде било.
Organization and collaboration
На големи проекти, фриленсерите често работат со други хонорарни преведувачи или мораат да се здружат со тимот на клиентот. Или поинаку опишано, ова е координирање на задачи и распределба на документи меѓу повеќе луѓе истовремено.
Dropbox
Е-поштата ја ограничува големината на прилозите што ja прави незгодна за проекти кои вклучуваат споделување на големи датотеки. Онлајн апликацијата за складирање Dropbox обезбедува простор за корисниците да можат лесно да прикачуваат датотеки и папки до кои сорабиотниците можат лесно да пристапат, без разлика кој уред или услуга за е-пошта користат.
Slack
Slack стана главна алатка за комуникација за стартапи. Тоа е претпочитана алтернатива на апликациите за е-пошта и редовнa комуникација во многу сценарија. Slack го олеснува формирањето на работни групи, споделувањето на датотеки и организацијата на процедури. Ова е дефинитивен плус за тимови кои работат на дистанца.
Trello
Како алатка за управување со проекти, Trello ја поттикнува продуктивноста со тоа што е целосно приспособлив, дозволувајќи им на корисниците да ги поделат задачите и да споделуваат ресурси без проблем. Неговиот кориснички интерфејс со табли, списоци и картички ја елиминира конфузијата за тоа како треба да се користи апликацијата, што го олеснува доделувањето задачи на секој член на тимот.
Invoicing
За креативците, административните задачи како подготовка на фактури и изработка на финансиски извештаи се здодевни. За среќа, сметководствените апликации сега нудат бесплатна наплата и следење како на фактурите, така и на сметките, обезбедувајќи им на фриленсерите ефикасно да ги обработуваат своите плаќања.
Wave
Wave е сметководствен софтвер кој ветува безболно управување со приходите и расходите. Со оваа апликација, фриленсерите можат да автоматизираат некои повторувачки задачи, како што се платен список и фактурирање. Wave, пред сè за фактурирање, нуди приспособливи форми и им овозможува на корисниците автоматски да поставуваат повторливи наплати.
Shoebox
Фрилсенсер може да собере сметки за трошоци поврзани со работата, како оние за транспорт. Shoebox ги собира таквите сметки, ги извлекува клучните податоци и потоа ги организира за извештаи за трошоците. За фриленсери кои треба да плаќаат даноци во САД, Shoebox нуди и услуги за даночната сезона.
Quickbooks
Quickbooks ќе биде корисен на клиенти со големи списоци на фриленсери. Тоа е сметководствена апликација која е создадена за мали бизниси. Функциите на Quickbooks вклучуваат фактурирање, следење на трошоците со поднесување на сметки и известување за финансии.
Фото:Pixabay
Оваа сторија е дел од публикацијата „Новинарството како јавно добро“, дел од проектот „Синдикатите за фер закрепнување“ финансиран од Европската Унија, а во партнерство со Европската федерација на новинари.Ставовите и коментарите во публикацијата се одговорност на ССНМ и не ги изразуваат ставовите и мислењата на Европската Унија и на Европската федерација на новинари.